Напад на ИД во Јемен, 25 мртви
Објавено во: Свет 15 Мај, 2016
Бомбаш-самоубиец денеска уби повеќе од 25 јеменски полицајци во југоисточниот пристанишен град Ал Мукала.
Атентаторот експлодирал појас со експлозиви, додека се приклучувал кон линијата од мажи во центарот за регрутирање на полицајци во градот. Минатиот месец владините сили ја вратија контролата над населеното место кое беше окупирано од Ал Каеда во текот на една година. 60 лица се повредени во нападот, изјави медицински извор, пренесоа агенциите.
Ова е втора напад за оваа недела, за кој презема одговорност терористичката група Исламска држава, пренесе AFP.