11 Мај, 2024
0.0238

Наркоманска лицемерна нација!

Објавено во: Колумни 29 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Кога  човек ќе  види  проблесок  од  човечност  во  оваа  земја, тогаш друга лавина од нечовечност му ја убива надежта дека можеме колективно да се промениме на подобро како општество и како уреден функционален систем на живеење.  На фејсбук, Димитар Ангелковски, споделил  теткичка која продава цвеќе на „ Партизанска“, на која и купил цвеќе и и оставил бакшиш од 100 денари, на што тетката  дури и со  доза на неверување/ вчудоневиденост, истовремено благодарност, но и некој вид срам се заблагодарила за гестот, а имено овој мал гест за човекот ( теткичката), е голем за човештвото ( особено во Македонија). Истата ФБ објава доби адмирации и овации од широката вирална публика на социјалните мрежи, оправдано, секако доколку гестот е наменет од срце , и да се разбуди свеста и совеста кај граѓаните, а не е само еден своевиден  ПР момент за лајкнувања и шерувања.

Потонати во својот лажен морал за пред јавноста!

Тамам кога ќе се израдувате на овој добродетелен гест, ќе ве затрупа лавината грозоморни и нечовечни реакции од огромен број на граѓани и граѓанки ( да повеќето се од женскиот пол), со коментари за оправдување на крвничкото насилство кое таткото го употребил врз  Моника „ Конопова“ Ристеска. Оваа активистка за легализација на марихуаната ( за повеќето е „ наркоманка“ која така и треба , и заслужила), е позната за пошироката јавност кога беше уапсена и  осудена  на  затвор  заради поседување на мало количество на лесна опојна дрога. Океј, законите се такви, и тие треба да се почитуваат, но што е со стигматизацијата, предрадусите и осудите кон дотичната, од страна на кажи-речи од старо до младо. Во ред, да бидеме искрени и реални пред себе, никој родител не би посакал „ проблематично“ дете, особено не некое, кое „ консумира“ марихуана, но дали е нормално и е  во ред, да оправдувате насилство ( да се ситите на истото) врз личност која практикува поразличен начин на живот, од општоприфатениот „ мејнстрим“ во најконзервативното општество на Балканот?! Да, најконзервативно, но и најлицемерно! Свесни ли се родителите за тоа што нивните тинејџери –деца, па и повозрасни ,прават навечер кога ќе „ искочат во град“. Знаат ли,  колку дрога на претек има во оваа земја, во нејзиниот главен град, и сите останати? Веќе  не постои некој „ кој не може да најде човек, да му донесе пола“, и тоа не е ни јавна тајна веќе. Веројатно, многу генерации на повозрасни родители,  се растени во друго време и друго општество, во кое се прокламирале други вредности на живеење, и каде што дрогата била нешто што „ еден –двајца “ во градот ја пробале, и ги разбирам дека не се свесни  воопшто што тоа се случува со нивните мајкини синови и  татини ќерки на тој план, но поубаво  и подобро да проверат и да се уверат дали нивните деца се „ чисти“, за да родителите со прст посочуваат? Не е  случајно и не е чудно, што по релевантни статистички податоци се смета дека секоја трета жена е предмет на семејно насилство, кое трае со години и децении, и токму стигмата од надворешноста, комшиите, роднините, останатите, создава срам кај овие жртви да побараат стручна помош и да се спасат од пеколот  во кој живеат, затоа и се помируваат голем дел од нив со тоа, и живеат до крајот на својот живот- во маки и секојдневни страдања. Другари не,  Моника „ Конопова“, не го заслужила тоа, каква и да е. Точно, можеби тој родител му дошло преку глава, што се вели да ја гледа својата ќерка таква, да не биде среќен со нејзиниот начин на живот, да одбива да прифати, но сето тоа не оправдува никаков степен на насилство,особено не физичкото, кое може да резултира и со фатални последици. Во целата оваа ситуација, институциите на системот , мора  темелно и објективно да го истражат случајот без пристрасност и без банализација ( многу вакви случаи одат во заборавот на фиоките), но нејзината споделена реакција со јавноста, дава јавност и гласност на самиот „ случај“ и истиот треба да биде расветлен. Го говорам ова, бидејќи секогаш во суд треба да се слушне и другата страна. Во „ нашиов“ случај тоа е таткото насилник, кој можеби прв бил нападнат па во афектна состојба  ( уште па и алкохолизиран) возвратил со „ такви мерки“ ( за кои пак нема оправдување). Ако бил нападнат , требало „ фино-лепо“ да ја пријави во полиција, да ја избрка од дома ако сака, доколку е негов домот, да се откаже од неа преку весник, но  да употреби такво насилство, да и ја разобличи фацата,  и уште одозгора на тоа некои да се радуваат, ликуваат и да го оправдуваат тоа- се нема зборови да се опише такво нешто.

Борбата за подобро општество мора да трае!

Во едно општество, како и се во животот се е со причинско-последична врска. Доколку во ова општество се имало совест и свест за заштита на жртвите од семејно/ партнерско насилство, и доколку институциите, невладините и останатите граѓани ревносно би се бореле против оваа девијантна појава, тогаш жртвите би биле многу помалку. Во нашиот случај, насилниците се чувствуваат и охрабрени бидејќи „ никој ништо не им може“ особено ако се малку помоќни во хиреархијата на општествената пирамида. Бидејќи и голем број жени- домаќинки го оправдуваат насилството против  други жени, некој во буквална и преносна смисла на зборот зема замав да го прави тоа што го прави. Или како што пиша една жена на ФБ осудувајќи и коментирајќи го насилството против  Моника Ристеска : „ во пеколот има посебен круг за жени кои оправдуваат насилство врз други жени“. Останува на сите нам, кои сме очигледно најминорното малцинство, да се бориме, овој стереотип да го промениме, и менталитетно да се искачиме на едно нормално цивилизациско ниво, и да излеземе од  длабоките пештери во кои е заробен колективно нашиот национален ум! 

Благојче Атанасовски-политиколог

Можеби ќе ве интересира

Путин почнува нова шестолетка

Путин почнува нова шестолетка