Народна банка денеска ја намалува проекцијата за економски раст
Објавено во: Економија 01 Ноември, 2018
Гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска денеска треба да ја соопшти новата проекција за раст на бруто домашниот производ на македонската економија во 2018-та. Најавена е средба со новинарите во врска со редовната ревизија на макроекономските проекции.
Меѓународниот монетарен фонд веќе ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија на 1,6 отсто, наместо првичната проценка, кога ММФ очекуваше раст 3,2 проценти.
Неодамна и Светска банка ја намали прогнозата за растот на економијата во Македонија на 2,3 отсто, во споредба со претходно очекуваните 3,2 проценти.
Народната банка на Македонија во мај одбјави дека ја задржува проекцијата за раст на БДП за годинава до 3,2 проценти, исто како и македонската Влада која неколку пати досега твреше дека голема е веројатноста проектираната стапка да се оствари.