30 Јуни, 2024
0.0261

„Нашата изгубена добивка изнесува неверојатни 3 милијарди евра“: професор Трајковски со сериозни забелешки за ветро паркот

Објавено во: Економија, Македонија 27 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Најавата за изградба на нов ветерен парк во Македонија, и официјалната промоција на инвестицијата која би требало да почне да се гради на крај на следна година или во 2026, предизвика бројни коментари, особено од стручњаци во фелата. 

Професорот Дејан Трајковски, при Технички Факултет - Битола, поттикнат од најавата за оваа инвестиција со посебен осврт се насочи кон анализа на најавената инвестиција. 

Тој потеницра дека „ветропаркот нема да биде македонска инвестиција, туку ќе биде странска директна инвестиција, странскиот инвестициски фонд... Како и обично, на домашната памет никој не и верува, ниту пак некој сака нешто да работи, а на странците  секогаш слепо им се верува. Патем, ниту тој фонд сé уште не ги обезбедил парите, туку на разни роуд-шоуа ќе се обидат да убедат потенцијални инвеститори до IV квартал од 2025 година“.

Потоа Трајковски посочува дека ќе се разгледаат главните поенти од објавата, со цел да се разбијат некои митови. 
- Прво, странската инвестиција ќе отворела 630 работни места за време на изградбата и ќе задржеле 200 вработени после пуштањето во работа. Па доколку нашата држава инвестираше и градеше, ние исто така ќе ги вработевме тие 630, односно 200 луѓе, така што тука нема никаква екстра придобивка.

Второ, ни кажуваат дека оваа странска инвестиција ќе ни го кренела годишниот БДП за 100 милиони евра. Иако друг пат ќе видиме дека оваа бројка е нереална, дури и ако ја прифатиме, се работи за чисто статистичко учество, односно евидентирање на производот во домашниот БДП, додека во стварност македонскиот буџет нема да види денар од тие пари, бидејќи странскиот инвеститор ќе го изнесе профитот во фондот во Луксембург, од каде ќе им исплатува солидни дивиденди на инвеститорите. Единствениот ќар би бил данокот на добивка од 10 отсто, но и тука нема екстра придобивка, бидејќи доколку инвестиравме самите, данокот секако би се уплатувал во буџетот - укажува професорот Трајковски од Универзитет "Св. Климент Охридски".

Потоа заклучува дека дотука не видовме никаков екстра ќар, да го видиме сега зијанот.
- Доколку навистина ветропаркот остварува годишна добивка од 100 милиони евра, за 30 години (колку што типично изнесува работниот век на ветерните централи) нашата изгубена добивка изнесува неверојатни 3 милијарди денешни евра! Во идни евра, прилагодени со инфлацијата - двојно повеќе.

Значи, губиме 3 милијарди евра добивка, а заштедуваме само каматни трошоци, коишто при каматна стапка од 4 проценти (за кредити за зелена енергија, што лесно се одобруваат деновиве), на 85 отсто од 500 милиони долари, односно 425 милиони долари позајмени пари на 20 години, изнесува само околу 215 милиони долари. Така ние би вратиле вкупно 425+215=640 милиони долари во 20 еднакви ануитети од по 32 милиони долари - посочува Трајковски.

Потоа додава дека „бидејќи ануитетите за заемот се отплатуваат од приходите, ние повторно ништо не губиме. Ветерната централа носи по 100 милиони долари годишно, отплатуваме по 32 милиони долари, а ни остануваат уште по 68 милиони годишно. После отплатата во 20-тата година, секоја година би ни останувале сите 100 милиони денешни долари, но индексирано со стапката инфлацијата - сé повеќе и повеќе.

- Инаку, за изгубените 3 милијарди долари државата ќе мора да се задолжува за своите потреби - ете ја најочигледната штета од испуштениот проект и нашето неработење. Нема да видиме ни модерни болници, ни брзи пруги, ама затоа странските инвеститори задоволно ќе тријат раце од вакви како нас - посочува Трајковски. 

Тој исто така посочува дека „Македонија нема да добива 18 отсто од произведената струја, како надомест за локациите, а општините ќе добиваат некаков мизерен надоместок на име закуп. Бидејќи се работи за земјиште од V и VI категорија на планините, за 50-60 хектари не би добиле повеќе од половина милион евра годишно. Ова е премала цена за изгубените локации, каде што Македонија би можела самата да гради ветропаркови, а на овој начин се лишува од нив во следните 30 години“.

- Чудно е зошто оваа „инвестиција“ не беше рекламирана во изборната програма на владеачката партија. Но, сега станува помалку чудно зошто молчеле додека ние инженерите се боревме против раскрчмувањето на Чебрен и гасната централа на Митилинеос за време на вледеењето на претходната власт. Сега гледаме дека всушност се работи за две страни на една иста паричка - истакнува професорот. 

Четврто, не стана ни збор за балансирањето на предложениот ветропарк. Да претпоставиме дека Македонија нема да има обврска да им го откупува целокупното производство. Но, во тој случај зарем странците би прифатиле толку висок ризик да ја продаваат електричнта енергија „ден однапред“ (day ahead) и да ризикуваат наредниот ден - доколку нема ветер - да плаќаат по 105 евра/MWh за балансирање, односно покривање на количествата што не ги испорачале?....

Тој исто така потсетува дека „кога беше прашана сегашната министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска околу изградбата на „Чебрен“, таа одговори дека експертите се сомневаат во економската физибилност поради намаленото количество на врнежи, поради што од власта сакале да порачаат физибилити студија. Тоа би бил правилниот пристап, за што се залагавме и ние како инженери. Наместо тоа, сега како гром од ведро небо доаѓа веста за ветропаркот. Ни помалку ни повеќе, туку проект од 500 милиони долари треба да се гради без никаква анализа - нешто слично како со автопатиштата на Бехтел и Енка“.

- Врз основа на претходно изложеното, сметам дека се големи шансите, откако „Алказар Енерџи“ ќе ја сними ситуацијата на теренот и правилно ќе ги измери сите ризици во кои се впушта, самите да се откажат од предложената инвестиција. Нема да ни биде прв пат, доволно е да се потсетиме дека владата на Зоран Заев во 2021 година имаше намера да гради ветропарк во кумановско, најголем на Балканот. Од него не испадна ништо, слично како инвестициите на Субрата Рој.

Ако „Алказар Енерџи“ сепак реши да гради, можеби најдобар предлог што може да се даде во моментот е Македонија и самата да инвестира во нивниот фонд и така да учествува во добивката, иако би плаќала надоместоци за менаџирање и перформанси на фондот (management & performance fee). Може да инвестира фондот за ПИОМ, осигурителните компании, но и домашен фидер-фонд, што би прибирал пари од македонските граѓани за инвестирање во главниот фонд од Луксембург. Ако не можеш да го победиш противникот, тогаш - приклучи му се. Пресметките на цените и исплатливоста ќе ги видиме друг пат.

На странскиот инвестициски фонд можеме само да му порачаме со здравје да си ги изнесе и троши парите од профитот, а на македонските граѓани - на здравје бричењето - заклучува Трајковски. 

Целата објава на професорот на Фејсбук:


Можеби ќе ве интересира

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Ангеловска-Бежоска за НИН: Монетарната политика овозможи одржување на макроекономската стабилност во неизвесни кризни времиња

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

Избран нов директор на Царина: Еве каков имот пријавил Бобан Николовски

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

И ПО САЊА ЛУКАРЕВСКА, ЖЕНА ЌЕ РАКОВОДИ СО УЈП: Еве која дама седнува на директорската фотелја во таа инситуција

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Поскапе само едено гориво: Од полноќ стапија на сила новите цени

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

Пет од нив поделија 1,94 милиони евра во плати и награди: Дали се ова најдобро платените банкари во Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

НАЈНОВИ ПОДАТОЦИ: Koлку изнесува нето надворешниот долг на Македонија?

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

OДЛУКИ НА ВЛАДА: Повисоки пензии, укинат факултетот за здравствени науки во Струга, нови именувања

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот

ВАЛУТИ: Доларот e на највисоко ниво во 40 години во однос на јенот