15 Мај, 2024
0.0296

НАСТАВНИЦИ, ЛЕКАРИ, ПЕНЗИОНЕРИ СТАНАА СОВЕТНИЦИ: Што ни покажува шареноликоста на советите?

Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Правници, лекари, наставници, медицински техничари, инженери, пензионери и луѓе од многу други професии станаа советници и во идните 4 години ќе треба да ги бранат интересите на граѓаните во советите на општините.

На листите се најдоа луѓе од различни профили, со средно, високо образование, вработени и невработени, спортисти, студенти, со или без искуство во политиката. Политикологот Ивана Јордановска вели дека различноста е добра за демократијата во земјава.

„Многу важен аспект од репрезентативната демократија е правото на секој граѓанин да гласа, но и да биде гласан. Од тие причини, во демократски уредените општества, секој граѓанин има право да биде кандидат/ка и да бидат избрани за општинскиот совет. Различно прашање е дали различностите на советниците придонесуваат кон квалитетот на демократија. Многу е важно советниците да ја претставуваат вистинската демографска слика на една општина. На пример, доколку најголемиот дел од вработувањата во една општина се во земјоделскиот сектор, сосема здраво за демократијата е да имаме поголем број фармери, земјоделски инженери, преработувачи на земјоделски производи и слични професии во советот. Тоа не значи дека оние коишто не се занимаваат со земјоделство треба или смеат да бидат дискриминирани. Но, важно е интересите на граѓаните да бидат соодветно претставени на сите нивоа, почнувајќи од локалното“, објаснува Јордановска.

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ вели дека е позитивно тоа што имаме различности во советите. Додава дека имаме и независни листи, и тоа дава еден поширок спектар на кадри.

„Шареноликоста е добра за демократијата, било да е тоа по етничка, партиска или друга припадност, или пак степен на образование. Ако се работи за некоја рурална средина, добро е да има и некој земјоделец во советот, затоа што на локално ниво се носат одлуки кои се важни за граѓаните. Јас без некои конкретни анализи и податоци, мислам дека последните години имаме поголема „шареноликост“ за разлика од порано“, рече Морачанин.

Поранешни советници сметаат дека младите во советите треба се борат за својата целна група, економистите за економската слика на општините, социјалните работници за социјалната заштита, пензионерите да форсираат изградба на домови за стари лица и слично. Додаваат дека поткованоста со знаење е клучна за поголема контрола на работата на градоначалникот и општината. Но, секој кој влегол во трката за локалните избори и станал советник, мора да знае кои му се надлежностите како советник и каква моќ му дава законот да предлага решенија во интерес на граѓаните.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Палевски е екстрадиран од Турција во Македонија

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Голема благодарност до Турција за екстрадицијата на Палевски

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Се појави фотографија од Палчо во авионот

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

ПАЛЕВСКИ СТАПНА НА МАКЕДОНСКО ТЛО: Ќе биде транспортиран во Шутка

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Спорно е што Oсмани си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

Љупчо Палевски вечерва ќе биде донесен во Македонија?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

НАСТАНОТ „ПРЕСПА ФОРУМ“ СЕ ОДЛАГА: Kоја е причината?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

СИРИЗА ДО ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГИ ДОСТАВИ МЕМОРАНДУМИТЕ: Какви бенефити носат за Македонија?

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното

ГРЧКИ ПРАТЕНИК ГО ИСКИНА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА: Oбвини дека Македонија го прекршила договореното