Научниците од Британија повикаа да се донесат мерки, инаку болниците ќе бидат полни со заразени од омикрон
Објавено во: Свет 11 Декември, 2021
Британските научници предупредуваат да се воведат мерки, или ќе има голем бран на заразени со омикрон сојот на коронавирусот.
Доктор Ник Дејвис од лондонскиот Факултет за хигиена и тропска медицина (LSHTM) вели дека омикронот „се шири многу брзо”, тоа е „прилично загрижувачка варијанта” и веројатно ќе биде доминантна во Англија до крајот на годинава. Велат дека бројот на смртни случаи од последиците на овој сој би можел да изнесува меѓу 25.000 и 75.000 до крајот на април следната година, во зависност од тоа колку ќе биде ефективна вакцината. Во најпесимистичкото сценарио, бројот на болнички пациенти може да биде и речиси двојно поголем.
Јужноафрикански научници денеска oбјавија дека нема знаци дека омикрон предизвикува тешка болест.