26 Мај, 2024
0.0310

Научници открија зошто толку многу сакаме шеќер!

Објавено во: Стил 13 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Британски научници го откриле механизмот во мозокот кој е одговорен за глад за шеќер и веруваат дека нивното откритие би можело да помогне во борба против дебелината.

Во експериментот на глувци, научниците од Кралскиот колеџ во Лондон открија механизам кој „чувствува“ колку глукоза доаѓа до мозокот и поттикнува животните да бараат повеќе кога се открие недостаток.

Кај луѓето, велат научници, шеќерот може да игра улога во одредување на нашите склоности кон храна богата со шеќер и скроб.

Глукозата е главен извор на енергија за нашите мозочни клетки.

„Нашиот мозок многу се потпира на глукозата како извор на енергија ... но во нашата еволуциска историја некогаш било тешко да се дојде до него. Затоа имаме длабо вкоренети сколности за храна богата со глукоза и ја бараме“ , вели Џејмс Гардинер кој го водел истражувањето и го објавил во магазинот „Clinical Investigation“.

Тимот на Гардинер започнал со тезата дека ензимот глукокиназа, е вклучен во детектирање на глукоза во црниот дроб и панкреасот, може да игра улога во поттикнување на желбата за глукоза.

Глукокиназата може да се најде во делот на мозокот познат како хипоталамус кој регулира разни функции вклучувајќи ја и потребата за храна.

Во експериментот најпрво откриле дека кај стаорците кои гладуваат 24 часа активноста на глукокиназа во центарот за регулирање на апетитот во хипоталамусот нагло се зголемува.

На стаорците потоа им е понудена глукоза и нивната вообичаена храна.

Кога научниците вештачки ја зголемиле активноста на глукокиназа во нивниот мозок стаорците дале предност на глукозата пред нивната вообичаена храна. Кога активноста на глукокиназа е намалена конзумирале помалку глукоза.

Гардинер сугерира дека кај луѓето е можно да се редуцира потребата за глукоза со промена на исхраната и вели дека лекот кој би влијаел на тој состав би можел да ја намали дебелината.

„Веројатно е дека луѓето имаат различни ниво на тие ензими па различните работи дејствуваат кај различни луѓе. Кај некои земањето на храна богата со скроб на почетокот на оброкот би можело побрзо да го задоволи тој состав што би значело вкупно внесување на помали количини храна.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“