Наумов: Укината одлуката на ДИК за задолжувањата на домашниот пазар на капитал
Објавено во: Економија 10 Февруари, 2016 17:19
Претходниот состав на Државната изборна комисија донесе политички диригирана одлука, обвинува дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.
Според невовите зборови, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ надвор од сите законски надлежности донеле одлука со која овозможиле неконтролирано задолжување во пресрет на претстојните парламентарни избори.
Наумов потсетува дека и поракј тужбата која кон крајот на јануари ја поднесе до Управниот суд, против одлуката на ДИК, министерот Ставрески свесен дека одлуката на ДИК е оспорена, закажал и одржал 4 аукции на државни хартии од вредност.
„Со овие 4 аукции министерот Ставрески, повторно потенцирам, свесен дека одлуката на ДИК може да биде поништена, запиша повеќе од 78 милиони евра, иако за враќање доспеваа долгови во вкупен износ од 32 милиони евра.
Ставрески знаејќи дека постапката за задолжувањата на домашниот пазар на капитал не е конечна, го зголеми нето долгот за скоро 46 милиони евра“, вели Наумов.
Тој вели дека оваа одлука потврдува дека министерот Ставрески свесно ги довел во ризик за преиспитување на овие пласмани од аспект на нивно третирање како законски јавен долг.
„За самоволието да не застане тука, министерот Ставрески денес, по веќе донесена и доставена одлука на Управниот Суд на РМ, повторно објави проспекти за аукција на 16.02.2016 година.
Во овој момент новиот состав на Државната изборна комисија е на потег“, потенцира Наумов.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




