19 Мај, 2024
0.0278

НБРМ: Да се избегнува користење готовина и плаќањата да се вршат со картички

Објавено во: Економија 15 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Во условите коишто ги наметнува глобалната ескалација на вирусот ковид-19 (коронавирус), Народната банка, следејќи ги утврдените мерки за превенција од ширење на вирусот, како и практиките на меѓународните финансиски институции и на централнобанкарската заедница, презеде конкретни активности за заштита на здравјето на заедницата, вклучително и на своите вработени. 

„Преземените активности и мерки се однесуваат и на остварувањето непрекинатост во работењето. Со нив треба да се овозможи превенција од и ублажување на ризиците коишто ги наметнува појавата на новата вирусна инфекција, вклучително и за вработените и работните процеси во Народната банка.Тргнувајќи од овие цели, покрај активностите поврзани со внатрешната оперативна организација, предвидени се и мерки коишто се однесуваат на комуникацијата со надворешните лица“, информираат од банката. 

Музејот и Библиотеката и архивот на Народната банка ќе бидат затворени за посетителиНема да се одржуваат организирани посети за финансиска едукација. Приемот на налози за извршување плаќања за државата и државните органи ќе се врши до 11 часот. Подигањето документи за подигање ефектива од трезорот ќе се врши во редовните термини од 13 до 14 часот исклучиво преку писарницата на Народната банка. 

„Исплатата и приемот на девизи од овластените лица на државните институции ќе се врши секој работен ден од 14 до 15 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банкаИздавањето извештаи за податоци од кредитниот регистар ќе се врши само во вторник и четврток од 15 до 16 часот, исклучиво преку писарницата на Народната банкаПриемот на странки за замена на оштетени пари, за купување книжни и ковани пари за нумизматички потреби, како и на странките заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели ќе се врши единствено во понеделник, во периодот од 12 до 13 часот“, стои во соопштението. 

Народната банка на редовна основа го анализира ризикот од ширење на заразата со вирусот ковид-19 (коронавирус). Доколку е потребно, овие правила ќе бидат променети.

Покрај тоа, заради заштита на јавното здравје апелираат да се избегнува користење готовина и плаќањата да се вршат со платежни картички. 

Да се избегнува посета на експозитурите/филијалите на деловните банки, како и на штедилниците и менувачниците и банкарските услуги да се користат преку сервисите за електронско, мобилно и телефонско банкарство. За упатување прашања, консултации и дописи до Народната банка, да не се доаѓа лично во просториите на Народната банка, туку тоа да се оствари преку е-адресата info@nbrm.mk, преку официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи или на телефонските броеви  02/3108 108; 02/3108 219; 02/3108 212. За информации поврзани со кредитните работи со странство или други прашања во доменот на Дирекцијата за статистика на Народната банка, комуникацијата може да се оствари преку е-адресата contact.statistika@nbrm.mk или преку телефонскиот број 02/3215-235, локал 123, 128, 120, 129, 126, 121 или 125. Како централна банка и финансиски регулатор веќе контактиравме и со деловните банки, при што им ги соопштивме овие препораки и дадовме насоки за управување со оперативните ризици, заради намалување на можните негативни последици. Истовремено, веќе презедовме и дополнителни интерни мерки при што, се откажани учествата на вработените во Народната банка на конференции, семинари и обуки организирани од страна на надворешни субјекти, откажани се сите настани организирани од Народната банка, како и состаноците со надворешни субјекти“, наведуваат во соопштението.

Апелираат до сите правни и физички лица да се придржуваат до мерките и препораките за превенција објавени од надлежните институции.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?