25 Јуни, 2024
0.2269

НБРМ: На девизниот пазар продолжуваат позитивните движења

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

На девизниот пазар продолжуваат позитивните движења, при што во октомври, петти месец по ред, НБРМ го откупува вишокот девизи од банките и со тоа ги надополнува девизните резерви. 

Првичните октомвриски податоци покажуваат натамошно стабилизирање на очекувањата на економските субјекти, што е видливо преку растот на штедењето на населението во банкарскиот систем, при што се забележува и прираст на штедењето во домашна валута.

Според првичните монетарни податоци, вкупните депозити во банкарскиот систем во октомври бележат солиден месечен прираст, а годишниот раст изнесува 4%, што укажува на натамошно закрепнување на депозитната база. Придонес кон позитивните придвижувањата кај депозитите имаат и населението и корпоративниот сектор. На кредитниот пазар, по растот во септември, во октомври се забележува благо месечно намалување на кредитната активност. Анализирано од секторски аспект, кредитирањето на населението и натаму расте, додека кредитните текови кон корпоративниот сектор забележаа пад. Од почетокот на годината досега кредитните текови бележат раст, којшто е солиден и во согласност со очекувањата.

На седницата вчера беше оценето дека монетарната поставеност е соодветна и беше одлучено на 9 ноември, аукцијата на благајнички записи да се спроведе под непроменети услови, односно да се понудат благајнички записи во износ од 22.000 милиони денари и каматната стапка од 4%.

Комитетот ги разгледа најновите остварувања во домашната економија во контекст на новите макроекономски проекции,по што повторно го истакна својот став дека економските фундаменти се здрави, без присуство на нерамнотежи во економијата.

По растот на економијата од околу 2% во првата половина на годината, сите досегашни расположливи макроекономски показатели упатуваат на натамошен економски раст во третиот квартал со слично темпо.

„Во однос на инфлацијата, по неколкумесечното намалување на потрошувачките цени, просечната годишна стапка во септември и октомври е умерено позитивна и изнесува 0,2%, во просек, предизвикана од растот на базичната инфлација. Кај показателите од надворешниот сектор, расположливите податоци покажуваат умерен дефицит во тековната сметка од околу 1% од БДП во првите осум месеци од годината, финансиран и преку должнички текови, но и преку приливи во форма на директни инвестиции. Во однос на адекватноста на девизните резерви, сите показатели и натаму се движат во сигурната зона. На девизниот пазар, во октомври продолжија позитивните движења коишто го карактеризираа овој пазарен сегмент во текот на летниот период. Имено, во текот на месецот, фирмите имаа зголемена понуда на девизи,  при истовремен пад на побарувачката. Подобри остварувања се забележуваат и на девизниот пазар на банките со физичките лица, во услови на стабилизирање на побарувачката и натамошен раст на понудата на девизи. Согласно со податоците од октомври, банките повторно остваруваат нето-откуп на девизи од физички лица, со што се надмина краткорочниот ефект од извршените продажби на девизи на физичките лица во периодот април ‒ мај 2016 година. Подобрите движења на девизниот пазар во октомври овозможија одржување висока девизна ликвидност на банките и насочување на вишоците на девизи кон Народната банка, којашто повторно интервенира со откуп на девизи од банките поддржувачи во вкупен месечен износ од 17 милиони евра. Со тоа, и имајќи предвид дека овој тренд продолжува и во ноември, вкупниот откуп на девизи од јули наваму достигна 105 милиони евра и со него се надоместија над 80% од продажбите во периодот април ‒ мај. Интервенциите на девизниот пазар придонесоа за натамошно подобрување  на денарската ликвидност на банките, коишто ги зголемија пласманите во краткорочни монетарни инструменти“- информираат од НБРМ. 

Во октомври, на меѓународните финансиски пазари беше забележан раст на приносите на должничките хартии од вредност, во услови на согледувања за преиспитување на монетарните политики на централните банки, при умерен раст на инфлацијата во однос на тековните нивоа. Во фокусот на пазарните учесници беа и очекувањата околу исходот од претседателските избори во САД, како и неизвесноста за периодот на излез на Обединетото Кралство од ЕУ, коишто доведоа до променливи движења.

На седницата беше оценето дека неизвесноста поврзана со домашните политички случувања и глобалното окружување сѐ уште постои. Ваквите состојби наметнуваат потреба од постојано следење на остварувањата и редовно преоценување на ризиците и нивното значење во контекст на остварувањето на целите на монетарната политика.

НБРМ и во следниот период внимателно ќе ги следи движењата и доколку е потребно, ќе направи соодветни промени во монетарната политика за успешно остварување на монетарните цели.


Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ СЕ ДЕБЕЛИ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИЧНИЦИ: Која е нивната лична потрошувачка по лице, а колкав е нивниот БДП?

ЕВЕ КОЛКУ СЕ ДЕБЕЛИ ЕВРОПСКИТЕ ПАРИЧНИЦИ: Која е нивната лична потрошувачка по лице, а колкав е нивниот БДП?

СЕ ГРАДИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ И ПАТЕН „ЅВЕР“ ВО ЕВРОПА: Од Данска до Германија за 7 минути низ подводен тунел

СЕ ГРАДИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ И ПАТЕН „ЅВЕР“ ВО ЕВРОПА: Од Данска до Германија за 7 минути низ подводен тунел

ЗА ВУЛИН БРИКС Е НАДЕЖТА: Можно ли е Србија да се приклучи?

ЗА ВУЛИН БРИКС Е НАДЕЖТА: Можно ли е Србија да се приклучи?

ЗА ЕКСПЕРТИТЕ ОВА Е ЧЕКОР НАЗАД: Грците ќе работат по 6 дена во неделата

ЗА ЕКСПЕРТИТЕ ОВА Е ЧЕКОР НАЗАД: Грците ќе работат по 6 дена во неделата

ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ Е И ДЕФИНИТИВНО: Мицкоски најави, ќе се работи на ново законско решение за линеарно зголемување на пензиите

ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ Е И ДЕФИНИТИВНО: Мицкоски најави, ќе се работи на ново законско решение за линеарно зголемување на пензиите

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ПУСТОШ: Уништено целото земјоделско производство во Сиричино

НЕВРЕМЕТО НАПРАВИ ПУСТОШ: Уништено целото земјоделско производство во Сиричино

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве колку ќе плаќаат сега возачите за бензин и дизел

УШТЕ ЕДНО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА: Еве колку ќе плаќаат сега возачите за бензин и дизел

Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски

Ветерниот парк на „Алказар Капитал“ е првата инвестиција што ќе ја објави Мицкоски

Новата министерка за финансии започна со работа

Новата министерка за финансии започна со работа