13 Декември, 2025
0.0299

Не е од Харвард, од Охрид е: Светски портали пишуваат за охриѓанецот кој создава роботи и ја дефинира иднината на светот

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2025 13:35

Добивај вести на Viber

Дека Македонија е расадник на таленти, докажува скоро секојдневниот успех во светски рамки на наши млади луѓе. 

Анис Сефиданис е професор на Универзитетот св. Апостол Павле во Охрид, за него соработниците велат дека е генијален ум кој живее во иднина, која другите допрва ќе ја искусат. 

Покрај тоа што е ценет помеѓу своите соработници и во научниот свет во Македонија, интерес за неговото дело покажуваат и светски научници. На неколку наслови од регионални медиуми стои дека Сефиданис во Охрид го прави она што не стигнува да го направи ниту цел тим на научници во Харвард. 

Создава роботи кои имаат неколку професии и функции, но и користи вештачки модели на комјутерска интелигенција во комуникациски цели. Со тоа ја доближува ВИ и роботиката до луѓето. Тој е доказ дека кога човек е генијален, средината не му е препрека да успее. 

Колку денес ВИ реално е навлезена во нашите животи? Дали сметаш дека обичните корисници ја користат правилно и свесно, и дали постои опасност злоупотребите да го забават развојот на технологијата?

-Вештачката интелигенција веќе е масовно користена технологија. Од пребарување и пишување на содржини, до автоматизација на процеси во логистиката и медицината. Само ChatGPT, според најновото истражување на OpenAI, во јули оваа година имал околу 700 милиони активни корисници неделно и близу 18 милијарди пораки неделно, што претставува невидена експоненцијална брзина на дифузија на нова технологија.

 Истовремено, реалната работна употреба сè уште расте постепено: анкети покажуваат дека околу една петтина од вработените во разлиучпни сектори користат ВИ барем за дел од задачите, со поголема застапеност кај помлади и профили со повисоко образование.

Дали ја користиме „правилно и свесно“? 

-Да бидеме искрени, делумно. Многу корисници импровизираат без почиотување на стандарди или претходна обука, што води до сива зона на неетичка или регулаторно проблематична употреба во организациите. Во ЕУ, Актот за ВИ стапи во сила на 1 август 2024 и во веќе воведува правила за транспарентност, ознака на синтетички, односно ВИ генерирани содржини, и неопходен човечки надзор, со цел за да го намали системскиот ризик без да го гуши иновирањето.

Мој став е дека злоупотребите краткорочно ја загрозуваат довербата, но зрели политики комбинирани со едукација го забрзуваат прифаќањето на „добрата“ ВИ. Универзитетите пред сѐ треба да водат со стандарди, курикулуми и етичка пракса.


Дали учењето е најголемата предност на ВИ? Веруваш ли дека ќе дојде момент кога луѓето масовно ќе учат од вештачката интелигенција, а не обратно?

-Во образованието веќе има рандомизирани студии што покажуваат реални придобивки: на пример, научен труд во Scientific Reports демонстрира подобрувања во резултатите од квизови кога студентите добиваат ВИ туторство споредно со човечки ментор. 

Исто така, педагошките евалуации во САД нагласуваат дека ВИ може да го забрза учењето, но со предупредување за можни когнитивни странични ефекти доколку отсуствуваат соодветни педагошки рамки.

Ќе учат ли луѓето масовно од АИ? 

-Веќе учат. Од средношколци до докторанти; трендот е нагорен. Но најдобри резултати гледаме во колаборативниот модел „човек + ВИ“. 

Нашата обврска како просветители е да наметнеме академска чесност и метакогнитивна рефлексија кај студентот. Затоа во центарот на ВИ приказната секогаш треба да биде човекот.

Целото интервју прочитајте го на Машки Магазин.

Можеби ќе ве интересира

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Каде е Лазе Радески? Првиот осуден сериски убиец во Македонија - наводно на жртва му извадил срце и го изел

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

Рената Дескоска избрана за потпретседателка на Венецијанската комисија

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

БЕЌАРОВСКИ МУ СЕ ОБРАТИ НА ЃОРЃИЕВСКИ: „Почитуван градоначалниче, еве една јавна депонија која треба да биде чиста како во аптека“

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

СДСМ: За мигрантите мора да одлучува Собранието, а не општините

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

Скопјанката која стана една од највлијателните жени во технологијата во Холандија и САД: Интервју со Снежана Зивчевска-Сталперс

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Македонија под влијание на силен Антициклон

АКО БИ БИЛ МАНДАТАР, МИЛОШОСКИ БИ ГО СМЕНИЛ ФИЛКОВ: Еве што го налути коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ

АКО БИ БИЛ МАНДАТАР, МИЛОШОСКИ БИ ГО СМЕНИЛ ФИЛКОВ: Еве што го налути коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ

Безбеден град почнува само во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10

Безбеден град почнува само во Скопје, Тетово, Куманово и коридорите 8 и 10

„КОНЕЧНО, СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУНА ПАРК“: Почна јавната набавка за проектирање и набавка на новиот забавен парк во градот

„КОНЕЧНО, СКОПЈЕ ДОБИВА ЛУНА ПАРК“: Почна јавната набавка за проектирање и набавка на новиот забавен парк во градот