НЕ ГО ПРИЗНАВААТ ГУАИДО: Две земји ќе ја решаваат кризата во Венецуела
Објавено во: Свет 31 Јануари, 2019
Во решавање на кризата во Венецуела ќе се вклучат Уругвај и Мексико.
Двете земји не го признаваат опозиционерот Хуан Гуаидо, претседателот на Парламентот, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела.
Тие најавија меѓународна конференција на 7 февруари во Монтевидео, на која ќе присуствуваат претставници од држави и меѓународни тела со „неутрален став“ кон Венецуела.Ќе бидат повикани земји кои имаат исти ставови по ова прашање.
Гуаидо ја повика меѓународната заедница да ги поддржи неговиот обид да го принуди претседателот Николас Мадуро да замине од власта.