Добивај вести на Viber
СДСМ денес е партија со нова енергија и визија. Нашата цел е јасна – да го вратиме СДСМ на вистинскиот колосек, со искрени и автентични политики, слушајќи ги го гласот на секој наш член, на секој граѓанин, објави лидерот на СДСМ, Венко Филипче на фејсбук по денешната посета на членството во Ресен.,
„Партиските структури се консолидирани, а нашата мисија е да бидеме партија блиска до народот, која секогаш ќе работи во интерес на сите граѓани и ќе продолжи да се бори за подобар живот за секој човек.
За седум месеци ДПМНЕ го изгуби компасот и не ги исполни ветувањата, ништо реално не испорачаа. Се случи брутална партизација на институциите, директен упад во судството, добивме нарушена безбедност, внатрешни конфликти, економска и социјална несигурност, блокирана европска перспектива.
Вечерва од Ресен порачав дека ги продолжуваме теренските активности со цел да го слушнеме гласот на сите членови, на граѓаните, само така ќе креираме решенија што ќе ги подобрат условите за живот во секој дел од држават“, објави тој.