„НЕ МОЖЕ ЛЕКТИРА ШТО ЈАС СУМ ЈА ЧИТАЛ, ДА ЈА ЧИТА И МОЕТО ДЕТЕ“: Конечно МОН организира јавна дискусија за нов лектирен список
Објавено во: Македонија 05 Ноември, 2025 06:00
Изминатите години со напреднувањето на технологијата и со напредокот на децата, се погласна е полемиката за неусогласеноста на лектирите кои ги читаат учениците во основните училишта.
Фактот што некои лектири едноставно не одговараат со времето во кое живеат децата, го потврдуваат родителите кои во изјави за Фактор, велат дека на децата првично не им е познат јазикот на пишување, бидејќи во времето кога се пишувани, се користени многу поинакви изрази од овие денес, а и тематиката која старите лектири ја обработуваат едноставно не е интересна за денешните генерации.
„Јас сум генерација 1986, генерација кога домашното воспитување и образование беше на многу поинакво ниво од ова што е денес. Еве ќе ја земам за пример лектирата Грдото пајче, каде отворено се зборува за ловење на патки, пукање, во лектирата се споменува крв... моето дете кое денес го едуцирам дека убиството на животни е подеднакво лошо како и убиството на човек, е принудено да ја чита таа лектира. Да, тие лектири беа убави во наше време, но денес, воопшто не соодејствуваат на времето во кое децата живеат“, вели Фросина Х. мајка на дете кое оди во второ одделение.
Според родителите постојат и лектири кои останале интересни и за денешните генерации како „Доктор Офболи“, „Пајажината на Климентина“ и сосема е во ред тие наслови да продолжат да бидат дел од лектирниот список.
„Државата мора да оди во чекор со времето, не може на дете кое е технолошки потковано, игра на компјутер, вие да му дадете лектира која за него ќе биде досадна и нема да му го привлече вниманието. Сега слушам дека МОН конечно прави напори да ги смени лектиниор список и тоа особено ме радува“, вели Мирјана Стојановска, мајка на дете во петто одделение.
И наставничките сметаат дека лектирите мора да се сменат.
„Како прво, ваквите лектири кои што се бараат учениците не сакаат воопшто да ги читаат. Не ги разбираат и имаат проблем со зборовите што се користат. Тоа се сепак постарски зборови кои денес речиси никој и не ги употребува. Добивав и забелеѓки до родителите дека биле принудени да им објаснуваат на децата при читањето затоа што едноставно, не разбираат“, вели Кате.М, наставничка во основно училиште,
Вчера и официјално одекна информацијата дека Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието организираат јавна дискусија за нов предлог-лектирен список за основното образование. Оттаму упатија и покана до сите заинтересирани страни – наставници, стручни служби и други чинители во образованието, активно да се вклучат во дефинирање на современ, инклузивен и квалитетен лектирен список, кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес.
„Потребата од ажурирање на лектирниот список произлегува од стремежот за постојано усогласување на наставните содржини со современите образовни цели, развојните карактеристики на учениците и нивниот социјален и емоционален контекст. Предлог-списокот е изработен врз основа на списокот што се реализира во наставата од учебната 2019/2020 година. Одредени наслови се отстранети поради ниска читаност, несоодветност на возраст или содржина. Поради промени во наставните програми и интердисциплинарно поврзување во наставата, некои дела се преместени во друго одделение или добиле нов статус – од задолжителни станале изборни и обратно“, информираа од МОН.
Како што велат оттаму, во предлогот се вклучени дела што обработуваат современи и значајни теми, меѓу кои: идентитет и самодоверба, пријателства и меѓучовечки односи, училишен живот и булинг, емоционални и психолошки предизвици, културна разноликост, инклузија на деца со посебни образовни потреби.
„Целта е учениците да читаат содржини блиски на нивната реалност, но и доволно слоевити за анализа и симболичко толкување, што ќе поттикнува критичко размислување, дискусија и личен развој“,инфомираа од МОН.
Д.Т* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“
Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас
Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат
Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе
Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста
ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов




