НЕ МУ ДАДОА НАГРАДА ОТИ БИЛ ОСНОВЕЦ, СЕГА И ДОНЕСЕ ЗЛАТО НА ЗЕМЈАВА - малиот Дамјан Давков прв на Балканот
Објавено во: Македонија 05 Јули, 2021
Дали се сеќавате на младото момче од Штип, Дамјан Давков, кому Министерството за наука и образование одбри да му додели награда и признание кога победи на средношколски натпревар, бидејќи тој бил осмооделенец, а се натпреварувал во „лига на средношколци“.
Токму тој Дамјан Давков освои злато на Јуниорската балканска математичка олимпијада - ЈБМО, чиј домаќин беше Молдавија.
Оваа радосна вест ја сподели Никица Давкова, мајката на младиот Дамјан Давков.
„Осмоодделенецот Дамјан Давков освои злато, Алексиј Тасиќ сребро, Бранко Јангеловски и Леонид Тодороски бронза на Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО) чиј формален домаќин беше Кишињев, Молдавија. Во нашиот тим членуваа и Миша Веселински и Михаела Смилевска, под лидерство на професорите Делчо Лешковски и Борче Јошевски (заменик-лидер). Набљудувач на нашиот тим беше проф. Д-р Ѓорѓи Марковски. Нашата екипа се натпреваруваше виртуелно во просториите на Институтот за математика при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Нашето учество го организираше Сојузот на Математичари на Македонија“, напиша на фејсбук Никица Давкова.
Како што е познато, ова талентирано дете и врвен математичар, на почетокот на годинава освои прво место на државен натпревар по математика, а од МОН не му ја доделија паричната награда, со образложение дека не му следува бидејќи е ученик во основно, а таа награда се доделувала на ученци од среднои образование.
Решението дека е одбиен за доделување на парична награда, која изнесуваше околу 10.000 денари, бидејќи не ги исполнувал условите, односно бил помлад од останатите учесници, беше потпишано од министерката за образование Мила Царовска.
Тогаш мајката на Дамјан Давков тврдеше дека не е аргумент искажаното на министерката за образование и наука Мила Царовска дека виновен е Сојузот на математичари на Македонија што го испратиле осмооделенецот да се натпреварува со средношколци.
„Внимателно го прочитав официјалното соопштение на МОН и јасно беше на што алудира Министерката.
Вината да се префрли на СММ затоа што дозволиле ученикот да учествува. Не е точно дека на натпреварите за средно може да учествуваат САМО ученици од средно.
Зборот САМО го нема. Јасно е и зошто. Тоа би бил апсурд.
Имено, секој што е во образование знае (би требало да знае) дека како и во спортот, така и во науката никаде во светот не е забрането помал ученик да учествува во категорија со поголеми ученици. Инаку, на Светската олимпијада по математика – ИМО најмладиот учесник имал 11 години (можеби имало и помал).
На ИМО 2020 Дамјан и уште 2-3 деца со 12 години беа најмалите учесници, а Дамјан е најмалиот учесник од Македонија што учествувал на ИМО. За да биде дел од тимот ученикот треба да ги помине сите натпревари, општински, регионален и државен за учениците од средно образование, како и селекциониот натпревар за Светската олимпијада.
Што се однесува до тоа општината да исплати награда, воопшто нема никаква поврзаност со наградата од Државниот натпревар и затоа нема потреба од такво нешто. Си има кога општината да награди. Не сега, не вака“, објави тогаш Никица Давкова.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.