18 Мај, 2024
0.0522

Не поминаа три дена ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи владата на СДСМ за анти-реформска

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

ВМРО-ДПМНЕ не почека ни три дена од формирањето на новата влада на СДСМ за веднаш да ја прогласи за анти-реформска, најмногу заради укинувањето на екстерното тестирање, но и заради кревањето тензии по обидот за атентат врз Никола Тодоров.

„СДС уште не влезе во влада почна да релативизира. Се што ветуваа за избори сега го претставуваат како цел кон која тежнеат. Толку вреди зборот на СДС.

Додека народот чека субвенции, поголеми плати просечна плата од 30.000 денари како што ветуваа, тие смислуваат црни сценарија за ВМРО-ДПМНЕ се со цел народот да заборави на лажните ветувања кои СДС ги расфрлаше во изминатиов период. СДС знае да управува само со лажни ветувања и смислување на црни сценарија.

Наместо СДС да спроведува реформи кои долго време ги најавуваше, тие организираат хистерични хајки против ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се елиминира единствената политичка партија која деноноќно работи за националното единство и просперитетот на сите граѓани во државата.

Деструктивната политика на СДС се повеќе се забележува. Налудничаво е СДС да говори за судскиот систем, но сосема очекувано е да бега од исполнување на економските ветувања.

Првата изјава на Зоран Заев затоа не е за покачување на пензиите или покачување на просечната плата до 30.000 денари. Првата изјава е за смена на Јавниот обвинител кој го гони затоа што барал поткуп од едно евро за Вице.

Се поочигледно е дека Владата на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДС нема што да понудат на македонскиот народ освен лажни ветувања, деструкција и страв.

Поради тоа оваа влада не е реформска туку анти-реформска“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада