20 Декември, 2025
0.0389

„НЕ ПОСТОИ ИМУНИТЕТ ШТО МОЖЕ ДА ГО ОПРАВДА ИЗБЕГНУВАЊЕТО НА ПРОВЕРКА НА БИЛО КОЈ ПАТНИК“: Се огласи Пацоли, поранешниот косовски претседател

Објавено во: Македонија, Балкан 04 Август, 2024 10:17

Добивај вести на Viber

Претседателот на Алијансата за Ново Косово, поранешен косовски претседател и еден од најбогатите Албанци во светот, Беџет Пацоли, објави дека првиот човек на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) од Торонто, со кого патувал за Италија, потврдил дека не „постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на контролата на секој патник кој лета со авион".

Оваа негова реакција следува по случката со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром.

-Стана збор за настанот во Скопје. Бев на кусо патување за Италија со кој ми потврди (она што веќе го знаев) дека не постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на проверка на кој било патник што лета во авион, особено на јавен авион каде што безбедноста на другите патници е доведена во прашање. Во случај некој патник да одбие да биде проверен од службата за безбедност, таа, меѓу другото, го известува пилотот на соодветниот авион и пилотот автоматски одлучува авионот да не полета, напиша Пацоли во објава на Фејсбук, пренесе Лајм.

Понатаму, Пацоли наведува дека не постои инстанца која може да му нареди на пилотот да го стартува авионот, доколку е информиран дека во авионот може да има неконтролиран патник.

-Ова се случило на скопскиот аеродром, каде пилотот одбил да го започне патувањето со патници кои не биле подложени на безбедносна проверка и поради тоа било предизвикано одложување на полетувањето на авионот со многу патници внатре. Што се однесува до клонирањето телефони, наивно е да се каже дека телефонот може да се клонира додека поминува низ рендген апаратот, напиша Пацоли на Фејсбук.


Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти