18 Мај, 2024
0.0306

НЕ САМО АПЛАУЗИ - Синдикатот бара и поголема безбедност и повисоки плати за работниците изложени на опасноста од коронавирусот

Објавено во: Македонија 28 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Сојузот на синдикатите на Македонија излезе со серија барања за заштита и подобрување на условите, како и платите на работниците кои сега се најмногу изложени на опасноста од коронавирусот. 

По повод 28 април, меѓународен ден за безбедност и здравје при работа, ССМ ја нагласува паролата „Да работиме безбедно и заедно е наше легитимно право“. 

„Во сеќавање на починатите, се бориме за живите“, велат од Синдикатот.

Според ССМ, епидемијата на коронавирусот КОВИД-19 ни покажа колку сме ранливи и колку опасна може да биде по животот и здравјето на работниците и луѓето, како и колку опасна може да биде за економијата.

„На Меѓународниот ден за безбедност и здравје при работа, 28, април, акцент ставаме на здравствените работници, работниците во полицијата, армијата, комуналните работници, транспортот, трговијата, производството, градежништвото, во прехранбената, текстилната, хемиската индустрија и многу други, кои секојдневно извршувајќи ги своите работни задачи се изложуваат на ризик од заразата или пак нејзино ширење, а со тоа ги доведуваат во опасност и ги изложуваат и своите семејства.
Ракоплескањето во овие моменти е добро, но уште подобро е зголемување на платите и подобрување на условите за работа на сите работници ангажирани и изложени во овие исклучително тешки моменти, вложување во безбедност и здравје при работа, инвестиции во здравствениот сектор, итн.
Во услови кога сите заедно се бориме за нашето и вашето здравје, не дозволивме здравствената криза да премине во криза на пазарот на трудот“, нагласуваат од ССМ.

Сојузот на синдикатите на Македонија се залага за:
- Препознавање на КОВИД-19 како професионално заболување и обезбедување на обука за тоа како се лекува;
- Вклучување на работниците и нивните претставници во процената на ризикот и преземање на соодветни мерки за спречување на КОВИД-19;
- Спречување на губење на приходи на работниците поради намаленото работно време со цел да се спречи вирусот;
- Секојдневни тестови за сите работници кои не се чувствуваат добро;
- Платено отсуство за работниците кои се привремено без работа или во карантин поради КОВИД-19;
- Создавање на услови за физичко растојание на работното место како и редовна дезинфекција на работните средства и работните простории;
- Донесување на одлуки за престанок со работа од страна на претставниците на работниците за БЗР во случај кога не се исполнети барањата за здравствена заштита на работниците. 

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?