24 Април, 2024
0.0275

Не се ли срами „антифашистичката“ Европа со изживувањето врз Македонија?

Објавено во: Колумни 13 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Ова  веќе ги премина  сите граници на нормалноста. Па и бизарноста. Ова е дното, под кое нема дно, а доаѓа од „најбогатиот и уредениот клуб во Европа“, составен од најдобрите земји за живеење. Да, Бугарија е одлично место за живеење, толку добро, што и  кутрите мигранти од Блискиот исток, да ги врзете за ланец, ќе избегаат, и по студот ќе го фатат патот, нагоре кон Германија. Лани беше Франција, и противењето на претседателот Макрон, Македонија да ги отпочне преговорите со ЕУ, додека сите други членки ѓомити беа за, годинава единствен противник е нашиот источен сосед, ѓомити сите други се за и ја убедуваат да не го попречува почетокот на европреговорите. На мало дете, вака не му прават родители, договорени да не го пуштат на екскурзија во Охрид со другарчињата од основно, играјќи си со него, убедувајќи  го дека „еден пат таткото е тој што се противи, друг пат мајката не дава да се оди“.

На лицемерието му нема крај

И се прди  на Европа за нас, што би рекол генијалниот, Горан Стефановски, светла му памет. Да не заборавиме, ние бевме тие, што за атер на Европа, си го променивме и уставното име, преседан во светски рамки, како услов, без кој не се може(ше), да се отпочнат преговорите, толку фамозни со таа ЕУ. Мајката на Европа, канцеларката на Германија, дури  предреферендумски ни дојде на гости, да не убедува да не ја пропуштиме шансата на историјата. И што сега? Кои ќе бидат аргументациите од евробирократите, сурови како восочни фигури? Дека ова е билатерален спор помеѓу нас и Бугарија, и дека треба да го решиме така, билатерално, па потоа да претендираме за европристапување? Нели ви е срам бе? Ја водите таа Европа, издигната врз пепелта и правта од нацизмот, како создаден функционален феникс, потврда на заложбите на антифашизмот, либерализмот, слободата и европските вредности? Па постои ли нешто пофашистичко, од тоа, еден  народ да му го оспорува правото на себеидентификување на друг народ, во овој 21 век, и тоа на тлото на таа ваша фалена Европа? Постои ли  пототалитарно, една нација да и наложува на друга како да си го именува својот јазик? Во Африка, и Латинска Америка, нема  сличен  случај  како овој. На страна 28-годишното грчко психолошко изживување и тортура, кое го трпевме, и кое заврши така како што заврши, само и само да не претставуваме во иднина безбедносен проблем на овој проклет Балкан, како последица од домино-ефектот од косовскиот или босанскиот зовриен лонец. И тоа грчко психолошко силување и негирање, беше  претставено како „билатерален проблем“, кој прво требаше да го решиме помеѓу нас, па потоа да се интегрираме во евроатланските структури.

Се поминаа сите крајни граници

Овој пат не. Доста е. Ние нема за што да разговараме, камо ли да преговараме. Најмалку со нација, која на Европа и даде проститутки и џепчии по европските престолнини, од кога беше примена за полноправна земја членка на ЕУ, без исполнети критериуми. Затоа и денеска важи за најкорупмираната и со најголем организиран криминал, од сите останати 26. Со таква земја, да преговараме за нашиот национален идентитет, е рамно на национално колективно самоубиство и предавство. Доказ, дека би немале грам достоинство како нација, и како држава. И еден Љубчо Георгиевски, хулен, етикетиран, прозван и вреѓан дека е најголем предавник, бидејќи се пишал за Бугарин, отиде во Софија, и од петни жили се обидуваше да објасни пред целата бугарска јавност, дека ниту тој, не собрал таква  храброст да влезе во такви директни и фронтални преговори како Заев, за да може да се постигне историско помирување помеѓу македонскиот и бугарскиот народ, и да се зачекори во европската иднина. И на таа и таква храброст, што направија Борисов и Захариева?! И се посраа, најблаго кажано. Каракачанов, како агент Иван, соработник на државната служба, инстриуиран од руски тајни служби за  попречување на европската агенда на Македонија, не го коментирам, од проста причина, што човекот си е на служба, а како се рекло: дружба си е дружба, служба си е служба. Но нели Борисов, беше човек на Меркел, и на германската дипломатија? Ова ли е германскиот (читај: европскиот) интерес за Западен Балкан?! Од секогаш сум бил поборник за наше членство во ЕУ, од причина, што веќе сум доволно возрасен и зрел, за да сфатам дека без трансформациската моќ на Унијата, ние немаме внатрешен капацитет, да се реформираме, и од оваа дупка од држава, да направиме  во догледно време да стане елементарно пристојно место за живеење. Но, не по секоја цена. Најмалку по оваа. И Европската Унија, како што новинарството кај нас на времето, се претера. Време е за малку одмор, на сите, и за преобмислување. Или ќе си го решат нивниот проблем, кој Бугарија го има со нашето постоење, или нека си ја бараат Молдавија, како наша замена за пополнување на пазелот. Ние ќе си одиме со братот Путин. Барем да се доследни и со образ чесни, и да ни дозволат тоа да го направиме, а не веднаш да предизвикуваат безбедносни кризи, плашејќи не со распад. Бесрамници. И нас ни се прди веќе за вас. 

Благојче Атанасовски-политиколог

Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок