Не се знае кој ќе плаќа за регистарските таблички, ниту дали налепниците се задолжителни
Објавено во: Економија 13 Февруари, 2019
Министерството за внатрешни работи ќе бара инстантно со налепници да се покрие меѓународниот код MK на регистарските таблички на возилата, но јавноста засега останува збунета бидејќи не знае дали тоа ќе биде задолжително и колкави би биле евентуалните казни доколку не го направат тоа.
Налепниците со новиот код NMK ќе биде преодно решение а по четири месеци МВР треба да започне со издавање на нови регистарски таблички.
Збунива и тоа што за сега нема информација на чиј трошок ќе биде замената на табличките, односно дали граѓаните
ќе треба да си ги плаќаат сами или трошокот ќе го покрие државата.
Заменик министерот за надворешни
работи, Андреја Жерновски рече дека Владата се уште нема донесено одлука за тоа кој ќе
ги покрие трошоците.