15 Мај, 2024
0.0259

НЕ СТЕ ВИЕ КРИВИ: Еве зошто не успевате да престанете со пушење!

Објавено во: Стил 24 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Цигарите тешко се оставаат бидејќи ја предизвикуваат една од најсилните зависности. Пациентите имаат такви кризи што во советувалиштата одат со солзи.

Никотинот на листата на супстанци кои предизвикуваат зависност се наоѓа веднаш под хероинот. Тоа во голема мерка објаснува зошто денеска е многу тешко да се остави пушењето. Иако во тутунскиот дим има повеќе од 7.500 супстанци, кои со секој здив завршуваат во белите дробови на пушачите, меѓу нив никотинот е убедливо најопасен.

-Никотинот во цигарите денеска е многу „смртоносен“ во однос на оној кој е користен пред дваесеттина години велат научници. Во тутунот се додаваат многу хемикалии за да се забрза дејството на никотин, зајакнувајќи го неговото зацврстување и создавајќи зависност. Научници велат дека во нивниот центар одат лица кои обидувајќи се да го остават пушењето имаат толку силни криза што дури плачат.

Многу луѓе за жал, се во заблуда дека електронската цигара ќе им помогне да престанат да пушат, а се работи за никотин во високи дози и во друг облик. Ја користат голем број млади, а во САД дури се забележани и труења од никотин од електронската цигара - предупредуваат научници додавајќи дека оние кои решат да престанат да пушат подобро да одат во советувалиште, каде ќе добијат адекватна помош, отколку да се обидуваат на своја рака да ја надминат оваа болест на зависност.

Тутунот предизвикува јака физиолошка зависност, бидејќи никотинот произведува рецептори во мозкот кои после тоа бараат да се „нахранат“ со никотин.

-Пушењето ги пасивизира луѓето, секоја цигара е прилика да се седни. Пушачите се познати по тоа да ги прескокнуваат оброците, посебно доручекот, и пијат многу малку вода. Воочено е дека после оставањето на цигарите, луѓето значајно го подобруваат квалитетот на живот бидејќи во голема мерка ја зголемуваат физичката активност, внесуваат многу повеќе течности, ни и поздраво се хранат.

Затоа сите стравови, кои пушачите ги имаат во врска со оставањето на цигарите, се неосновани, а дури и оние дека ќе се - здебелат. Медикаментите кои се користат при одвикнувањето од цигарите, помеѓу останатото, спречуваат да дојде до зголемување на телесната тежина. Овие лекови иако во голема мерка го олеснуваат процесот на одвикнување од зависност на тутунот, сепак не се подгодни за сите пушачи.

Цитизинот на пример може да им користи на голем број пушачи, но и оние кои пијат терапија за туберколоза, тешки психијатарски пациенти, не смеат да го земаат овој лек, а инсулин зависните дијабетичари само со одбрение на својот лекар. „Цитизнот“ најчесто се користи околу месец дена, а долгогодишните пушачи и тешки зависници по потреба можат и два месеци. На

-Интензивниот период на одвикнување трае до три месеци, а после година дена апстиненција можеме да кажеме дека некој престанал да пуши, додаваат научници.

Освен методите кои се применуваат во здравствените установи, пазарот е преплавен со разни средства кои ветуваат лесно оставање на цигарите. Но, како што наведуваат научници, ниедна од тие методи засега не е класифицирана во официјалните од страна на СЗО, ниту е научно докажано дека е корисна. Најблиза до тоа е акупунктурата, за која некои истражувања покажале дека може да помогне при оставање на цигарите, но пошироки истражувања и клинички студии допрва ќе се прават.