19 Јануари, 2025
0.0240

Не заборавајте – вечерва започнува зимското сметање на времето

Објавено во: Мои пари 26 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Зимското сметање на времето почнува вечерва со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад, со што во три часот по полноќ тие ќе се поместат на два часот. Преминот од летно кон зимско време прв пат е забележано во 1916 година во земјите во северна Европа, а досега е воведено во околу 70 држави, претежно на северната хемисфера. На 21 мај 1916 година Велика Британија, следејќи го примерот на Германија прв пат го воведува летното сметање на времето. Отпрвин договорот бил часовниците да се поместуваат по 20 минути во текот на четири последователни недели, односно вкупно 80 минути. Причината била, исто како и денес, повеќе да се искористи сончевата светлина во текот на приквечерието, а помалку светлина да остане неискористена во текот на утрото, но сето тоа да не биде многу драстично. Поместувањето на сказалките во Западна Европа воведено е на почетокот на  70-те години од минатиот век, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда на потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен. Во Европа во 1996 година постигнат е договор од зимско кон летно сметање на времето да се преминува во последната недела од март, точно во 01:00 часот наутро според универзално време, односно во 02:00 часот според средноевропско време.  Европската унија и останатите земји во Европа  од 2002 година одредија летното време да почнува последната недела од март и да завршува последната недела од октомври. Поместувањето на времето во повеќето случаи се врши ноќта меѓу сабота и недела, со цел да не предизвика поголеми проблеми за работното население. Исланд е единствената европска земја, која не го воведе зимското и летното сметање на времето. Од 2007 САД го сменија начинот на кој го сметаат времето, односно почетокот и крајот на летното сметање на времето, така што сега тие ги менуваат часовниците вториот викенд од март и првиот викенд во ноември. На јужната хемисфера почетокот и крајот на летното време е спротивен во однос на северната. Повеќето од земјите на екваторијалниот појас воопшто не го менуваат времето, бидејќи таму и не се чувствува многу промената на должината на денот и ноќта во текот на годината. Повеќето модерни компјутерски оперативни системи имаат можност за автоматски премин на летно сметање на времето. Меѓутоа, Израел до пред неколку години го менуваше летното време различно од остатокот од светот, поради посебниот лунарен календар, така што повеќето системи не можеа да преминат кон израелското летно време. Некои астрономи меѓутоа се против поместувањето и вештачкото продолжување на денот, бидејќи сметаат дека „природата не треба да се измачува“, дури и доколку како оправдување се користат економските причини.  

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ