Не запира скандалот со коњско месо-вмешана Холандска компанија
Објавено во: Свет 12 Април, 2013 11:34
Вили Селтен, директорот на холандската компанија за трговија со месо на големо „Селтен“, која се наоѓа во центарот на новиот „скандал со месо“, поднел тужба за отштета од 5,8 милиони евра против Холандската агенција за безбедност на храната и непрехранбените производи, пренесоа руските медиуми.
Тужбата е поврзана со одлуката на Агенцијата да повлече 50.000 тони говедско месо од трговската мрежа во Европа заради сомненија дека содржи примеси на коњско месо, изјави денеска адвокатот на „Селтен“, Франк Петерс, забележувајќи дека Агенцијата се уште не одговорила.
Селтен тврди дека неговата компанија претрпела значителни штети заради загубата на клиенти по скандалот.
Вили Селтен одлуката на контролниот орган ја оцени како „премногу безумна за да се опише со зборови“.
Тој подвлече дека месото, што дошло од кланиците во неговата компанија за трговија на големо, секогаш било подложено на проверки.
-Единствениот пат кога коњско месо, што соддржеше препарати за смирување на болка, беше замешано со говедско, се случи во мај 2012 година и затоа нема потреба да се повлече целата продукција од последните повеќе од две години, забележува Селтен.
Претходно неделава Холандската агенција за безбедноста на храната и непрехранбените производи соопшти дека ги повлекува месните производи, продавани меѓу 1 јануари 2011 година и 15 јануари 2013 година преку компаниијаа за трговија на големо „Селтен“. Од неа месо купиле 130 холандски и 370 странски месопреработувачки компании, а потоа храната била доставена до трговци во цела Европа.
Надзорниот орган,сепак, претпоставува дека главниот дел од произведеното месо „веќе одамна е изедена од потрошувачите“.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




