06 Декември, 2025
0.3412

Нечисти тајни: Знаете ли колку често се чистат хотелите?

Објавено во: Стил 18 Јули, 2014 15:51

Добивај вести на Viber

Летото е време за патување и годишни одмори. Престануваме да се замараме со непотребни работи, се трудиме да уживме во слободните денови, одбираме дестинација, хотел и уживањето може да започне. Сепак, некогаш не е лошо да размислиме за нечистите тајни кои наизглед беспрекорно чистите хотели ги кријат.

Интересно видео сними екипата на сајтот BuzzFeed врз основа на податоци кои ги добиле од распоредот на чисетење на еден хоотел со три ѕвезди и истото тоа видео разоткрива колку навистина се чисти апартманите кои секојдневно примаат гости.

Во хотелските соби секојдневно се перат пешкирите и постелнината, се чиста подовите, WC шолјата, како и чашите. Еднаш неделно се чисти просторот околу огледалото, ивиците и дел под лабавото во тоалетот, тушот како и шипката која го држи.

Еднаш неделно во хотел со три ѕвезди се чистат и филтрите во клима уредите, прозорците, како и нозете на мебелот, аглите на креветот и минибарот. Во истиот интервал се чисти и телефонот, прашината од предната и задната страна на телевизорот.

Еднаш месечно во хотел со три ѕвезди се чистат ивиците и ќошевите на плафонот, жиците и каблите кои се наоѓаат позади мебелот, ивиците на креветот, ролетните на прозорците и ѕидовите. Еднаш месечно се чистат и држачите на тоалет хартијата.

Сепак, чистотата на некои работи би ве згрозила.

Извештајот покажува дека само четири пати годишно се чистат завесите за туширање, душеците, ќебињата, прекривките за кревети, што може да значи дека во зависност од тоа кога сте во хотелот, можете да спиете на душек и да се покривате со ќебе кое не е чистено дури три месеци, а за завесите во тоалетот и да не говориме.

Погледнете го видеото:

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: