19 Јануари, 2025
0.2033

Недела на штедење во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

По повод Меѓународниот ден на штедење, Стопанска банка АД – Скопје во периодот од 28 октомври до 2 ноември организира Недела на штедење во која клиентите кои ќе отворат нов орочен депозит „Мој план“ имаат на располагање специјална понуда. Имено каматните стапки на овие нови депозити ќе бидат зголемени за 0.5 пп за депозити во денари и 0.25 пп за депозити во евра во однос на редовните каматни стапки. „Со оваа активност, сакаме да им оддадеме почит на клиентите кои веќе знаат да штедат и да препознаат добра понуда за штедење како и на клиентите кои сакаат да почнат со оваа здрава навика од почеток. Имено „Мој план“ е орочен депозит кој овозможува неограничен број и износ на дополнителни вложувања за времетраењето на орочувањето на депозитот, без притоа да се разорочи депозитот или да се продолжи периодот на орочување. На овој начин континуирано и постепено се зголемува основниот влог. Со овие карактеристики и дополнителната зголемена каматна стапка, „Мој план“ е вистинскиот начин да се одбележи Меѓународниот ден на штедење“, соопштуваат од Стопанска банка и додаваат дека во секоја од филијалите стои на располагање на клиентите Советник за депозити кој може да им ги презентира производите на Банката и да им помогне во изборот на најсоодветниот начин на штедење. Стопанска банка АД – Скопје ги повика своите клиенти да не штедат на љубов и грижа и во претстојниот период и преку „На ваша страна“- Facebook страницата да испратат на децата во Клиниката за детски болести, Скопје пораки полни со љубов и желби за подобро здравје.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ