01 Јули, 2024
0.0386

Неделен фактор: Љубави дојди ми на пица кај Чинарот

Објавено во: Македонија 14 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Ново атрактивно место за собирање на туристите во Охрид ќе биде пицерија во центарот на градот до иконскиот симбол на градот Чинарот, како вистински пример за вложувањата на локалната власт, и цврстата владејачка коалиција меѓу ДУИ и СДСМ која дури ги надминува и важечките закони, па ако сакате и финалните предупредувања на УНЕСКО. Фантастично мора да се признае, вакво збогатување на културно-уметничката понуда на Охрид немало одамна.

Љубави, дојди ми на пица кај Чинарот, така најверојатно ќе звучат новите романтични повици во градот некогаш заштитен како светско културно наследство кој сега добива нова вредност, како дувло на неприкосновените општински советници и локални моќници кои на македонскиот туристички бисер му даваат посебен шмек. 

Фактот што станува збор за дивоградба никако не смее да застане пред концептот „едно општество за сите“, односно едно општество за сите партиски каубојци кои горделиво сечат ленти и јасно даваат порака дека бизнисот мора да тече, фрлајќи песок во очите на сите граѓани кои имаа каква таква надеж дека ќе завладее правото и правдината.

Додека некој безгрижно ќе јаде пица треба да внимава храната да не му застане во грло слушајќи ги новите гафови на македонскиот политички врв. Навистина, во ваква траорна состојба можеби смејата ни е најдобар лек за неизбежното соочување со реалноста дека некои работи не се менуваат, овој пат уште подрско и поарогантно, без ниту обид да направат некоја ујдурма со заобиколување на законските прописи.

На Заев ќе му остане утехата од руските пренкстери кои имаа дрскост дури и да му испратат порака дека храбро како лав се борел со неговите „непријатели“ на владина прес конференција од нападите на новинарите кои го прашуваа како неговиот кабинет и протокол дозволил да биде насамарен со месеци и да разговара со „лажен“ Порошенко. Можеби и на пренкстерите им паднало криво тоа што го направија македонскиот премиер нова вреќа за боксирање во регионалните и руските медиуми, како наивен политичар кој споделувал голем број на информации и ставови за жешки прашања, па дури им давал и броеви на политичари.

Љубави или хубави, почеток на хибридна војна водења од Кремљ против интересите на Македонија за членство во НАТО или приватна работа на Вован и Лексус, претседателот на Северна Македонија или северномакедонскиот претседател, кој да знае, а и дали е навистина толку битно кога и самите ставови и изјави на политичкиот врв варираат од тоа како дува ветрот во моментот.

Таман мислевме дека сите најави како од шпионските трилери во екот на Студената војна ќе се одвиваат и во Скопје од СДСМ посочија дека сепак, разговорите не биле метод на хибридните мерки на руското надворешно разузнавање. Таман помисливме дека дополнително ќе ги затоплиме односите со братска Бугарија, претседателскиот кабинет појасни дека Пендаровски сепак, не бил толку милостлив кон Борисов и не му дошепнал „Љубави, имаш поздрав од Зоки“. Таман помисливме дека Кочан ќе лежи во затвор, тој падна болен. Таман помисливме Грујо ќе се врати во Македонија да си ја одлежи казната, тој се слика со старлети во Будимпешта. 

Х.С. 

Можеби ќе ве интересира

СВЕТСКА БАНКА ПРЕДЛАГА ОСТРАНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРУЈА: велат нужни се промени поради климатските промени

СВЕТСКА БАНКА ПРЕДЛАГА ОСТРАНУВАЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА СТРУЈА: велат нужни се промени поради климатските промени

ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ЧЕСТИТКИ: Спасовски му ја честиташе победата на неговиот другар

ПРИСТИГНАА ПРВИТЕ ЧЕСТИТКИ: Спасовски му ја честиташе победата на неговиот другар

МНОГУМИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ СДСМ КЛЕКНАТА И ПОРАЗЕНА“: Каква порака испрати Филипче по победата?

МНОГУМИНА САКААТ ДА ЈА ВИДАТ СДСМ КЛЕКНАТА И ПОРАЗЕНА“: Каква порака испрати Филипче по победата?

ЕДЕН ПОЧИНАТ, ЕДЕН ПОВРЕДЕН ПО ПУКАЊЕ ВО БАТИНЦИ - МВР трага по напаѓачите кои возеле „мерцедес“

ЕДЕН ПОЧИНАТ, ЕДЕН ПОВРЕДЕН ПО ПУКАЊЕ ВО БАТИНЦИ - МВР трага по напаѓачите кои возеле „мерцедес“

РЕВИЗОРИТЕ СО БРОЈНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОПШТИНА РОСОМАН: недостатигале документи за градба, за технички прием...

РЕВИЗОРИТЕ СО БРОЈНИ ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОПШТИНА РОСОМАН: недостатигале документи за градба, за технички прием...

„ФИЛИПЧЕ СО ДЕВЕТ ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ КОЛКУ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНА, СТАНА ЛИДЕР НА СДСМ“: ВМРО-ДПМНЕ за новиот претседател на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ СО ДЕВЕТ ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ КОЛКУ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА СОВЕТНИК ВО ОПШТИНА, СТАНА ЛИДЕР НА СДСМ“: ВМРО-ДПМНЕ за новиот претседател на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ МВР - зголемен период на чекање поради црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија

СЕ ОГЛАСИ МВР - зголемен период на чекање поради црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија

ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ТЕРЕН УШТЕ ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: гори во Василево и Прилеп

ПОЖАРНИКАРИТЕ НА ТЕРЕН УШТЕ ОД РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ: гори во Василево и Прилеп

СЕ ОГЛАСИ СЛАВЈАНКА ПО ПОБЕДАТА НА ФИЛИПЧЕ: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија

СЕ ОГЛАСИ СЛАВЈАНКА ПО ПОБЕДАТА НА ФИЛИПЧЕ: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија