Фото: „Недопрен Тибет“ – најпродаван свеж воздух во Кина
Објавено во: Стил 01 Февруари, 2013 19:39
Чен Гуангбиао за конзерва воздух наплаќал по 0,80 долари. Конзервираниот воздух наводно може да се купи во различни вкусови кои се наречени со необични имиња, како што се „Недопрен Тибет“ или „ Постиндустриски Тајван“. Купувачот, воздухот од конзерви може да го испие или да го инхалира.
Чен вели дека сакал да покаже дека воздухот е толку многу загаден што идејата за конзервираниот свеж воздух и не е неостварлива.
Чен за својот изум зборуваше уште минатата година, фалејќи се дека е корисен за здравјето и дека го продолжува животот. Според пишувањето на „Хафингтон Пост“, кинескиот милионер конзервираниот воздух почнал да го продава уште во септември 2012 година, а во последно време работата му оди многу добро, затоа што Кина бележи рекордна загаденост.
Загадувањето на воздухот е 40 пати поголемо од нормалното, а жителите на Пекинг се предупредени да не излегуваат од затворените простории.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





