20 Мај, 2024
0.0323

НЕДОСТАТОЦИТЕ ВО ЗНАЦИТЕ И ЗАШТИТНАТА ОГРАДА НЕ БИЛЕ ПРИЧИНИ ЗА КОБНАТА НЕСРЕЌА - Комитова вели дека пожарот е прва причина за големиот број загинати

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, како што и се очекуваше, денеска ги соопшти резултатите од увидот на патот Драгичево-Долна Дикања, каде се случи тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица.

Според неа, заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите кои важеле во 2002 година, кога се реконструирал патот, а денеска авто-магистрала, „Струма“.

„Во 2021 година има нови норми за поставување на заштитната ограда, но тие важат за тие кои ќе се градат од 2021 година па наредните години“, вели Виолета Комитова која додава дека единствената промена на патот е во знаците, меѓу кои е и оној за брзината која била ограничена на 90 километри на час, а потоа зголемена на 120 километри на час“, рече министерката.

Комитова тврди дека ова не е причина за несреќата, иако веднаш предложиле за намалување на брзината во тој дел на патот.

И нејзините колеги го имаат тој став. „Во 2002 година бил одобрен проектот. Реализираното е според проектот, разликата е минимална. Тој пат де јуре не е автомагистрала, туку пат“, вели архитектот Владо Калинов.

Комитова, заедно со архитектите, откако ја направиле анализата, веќе предложиле и поставување на светлечка сигнализација на сите места каде има места за одмор, заградени со заштитна ограда.

Министерката вели дека недостатоците во знаците и заштитната ограда не е причина за пожарот во автобусот каде загинаа 45 лица.

„Патот има долга историја. За жал жртвите не можеме да ги вратиме. Ова е невообичаена катастрофа. По магистралите сме виделе многу катастрофи, превртени камиони итн, но овде имаме пожар кој според мене е прва причина за толку загинати, кој не знаеме како настанал“, кажа Комитова.

Тие предложија краткорочни и долгорочни мерки до тамошното Министерство за внатрешни работи.

„Имаме 11 институции за безбедност на патиштата. Не е ова оправдување. Ние се фокусиравме на делот кој ние можеме да го направиме, тоа е да се заврши маркирањето, да се поправи заштитната ограда и да ја намалиме брзината на патот од 120 на 90 километри на час“, додаде Комитова.

фото: БНТ Бг

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража