27 Април, 2024
0.0312

Недостиг на кадар на детската клиника

Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

На  20 медицински сестри на детската клиника им се продолжени договорите за работа. Тие и претходно работеле на одделите, а до крајот на неделава се очекува одобрение за ангажирање на уште 20. Кадарот во оваа установа е значително намален, вели директорката Ставриќ. Објаснува дека персоналот е возрасен, сестрите имаат хронични заболувања, па често земаат боледување, оптоварени се со дежурства. Дополнителен проблем е и недостигот од лекарски кадар.


„Недостига кадар  бидејќи кадровската политика во последните години била лоша, а голем дел од сестрите и докторите заминаа во приватните болници. Дел од сестрите заминаа во Германија. Старосната возраст на докторите е голема и ни недостигаат доктори на сите оддели. Ние сме Клиника со 13 оддели и секоја супспецијалност има двајца до тројца специјалисти, тоа е премалку за да се организира работата, а посебно имајќи предвид дека дел од докторите дежураат покриваат одделение, супспецијалистичка амбуланта, професорите се вклучени во настава, во едукација…Има потреба од повеќе доктори по одделите“, истакна  д-р Катерина Ставриќ, директор на Клиниката за детски болести.

На детската клиника е потребно да се обнови и апаратурата, но таа без доктори не е корисна, вели Ставриќ.
„Апаратура без специјалисти, без доктори не ви користи. Затоа акцентот ни е ставен на создавање кавалитетен кадар, на преност на знаењето од постојните супспецијалисти на младите за да можат да бидат ефикасни во поставување на дијагнозата“, рече д-р Ставриќ

Во мометов во здравствена установа се хоспитализирани речиси 120 деца.
Недостигот од медицински персонал привремено го затвори Хематолошкото одделение на клиниката, а децата со малигни заболувања биле преместувани на други оддели. Министерството за здравство најави решавање на проблемот со недостигот од кадар во сите клиники.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“