Недостигот на ѕидари во Македонија ја поскапе изградбата на куќи
Објавено во: Економија 03 Декември, 2018
Недостигот на ѕидари и на други мајстори на пазарот на трудот ја поскапе изградбата на куќи во Македонија.
Македонските домаќинства кои сакаат индивидуално да домуваат во нова градба ќе мора да платат 6,4 отсто поскапо во однос на она што би го платиле на фирмата-изведувач пред една година.
Најголема причина за ваквото поскапување на подигнувањето на нови куќи се должо на тоа што цената на трудот во овој сектор е подигната за 12,8 отсто, најмногу поради тоа што има мала понуда на работна рака во овој сектор.
Исто така, поскапеле градежните материјали за 3,9 отсто во споредба со лани, покажува миниторирањето на трошоците направени од градежните претпријатија при изведувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.