НЕДВИЖЕН ИМОТ ЗА ПЕРЕЊЕ ПАРИ: Половина од криминалците го користат имотот како мастер шема
Објавено во: Економија 22 Јануари, 2025
Огромни пари се заработуваат од организираниот криминал и криминалот воопшто, а заплената на криминалните средства во светот е исклучително мала.
Поконкретно, се претпоставува дека агенциите за спроведување на законот успеваат да запленат само два отсто од годишната заработка на криминалците од незаконски активности. Останатите 98 отсто, како што предупредува Европол, обезбедуваат гориво за организираниот и друг криминал за да продолжи ширењето на таквите активности.
Размена на информации
Европол предупредува и дека најопасните криминални мрежи во ЕУ користат недвижности како еден вид мастер шема за перење на сите незаконски и неоданочени профити, а претпоставката на Европол е дека 41 процент од криминалните организации користат недвижен имот за перење пари. Поради сето горенаведено, се појави потребата од започнување на проектот A. S. S. E. T. (Asset Search & Seize Enforcement Taskforce), чија главна задача е пребарување, идентификување и запленување на имотот заработен од криминал.
Во проектот беа вклучени повеќе од 80 финансиски експерти од целиот свет, чиј домаќин беше Европол. Ним им се придружија 43 агенции за спроведување на законот од 28 земји и различни меѓународни операции, вклучувајќи ги Европравда и Интерпол. Целта на проектот беше размена на информации за идентификации и замрзнување и конфискација на имотот стекнат со криминал на сите можни начини. Беа проучувани и нови начини на работа и шеми што се користат во перење пари.
Во текот на нивната заедничка работа, вештаците успеале да идентификуваат 53 имоти за кои постои сомневање дека се купени со пари од криминални активности, при што е утврдено дека осум од нив се во вредност од 38,5 милиони евра.
Запленети се и криптовалути
Дополнително, откриени се 220 банкарски сметки, од кои една со 5,6 милиони долари, 15 фирми користени како фронтови за перење пари, повеќе од 20 јахти и луксузни возила, при што е утврдено дека четирите запленети транспортни средства вредат над 600.000 евра.
Откриени се и 83 адреси и паричници на криптовалути, а замрзнати се 200.000 евра криптовалути... Колку е важно запленувањето на криминалните средства, доказ е неодамнешната акција на Европол против нарко-картелите, кога беа запленети 27 милиони евра криптовалути.
Пословни.хр