19 Јули, 2025
0.0309

„ОТВОРЕНИ ДВА ВАЖНИ ТРАНСПОРТНИ ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА“: За инфраструктурните проекти на Владата надалеку се зборува, еве што пишуваат медиумите од регионот

Објавено во: Економија 22 Јануари, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Српскиот медиум Еуправо зато, кој е посветен на економски и бизнис вести, овој пат со анализа за инфраструктурните проекти на Владата во Македонија.

Пишуваат дека Македонија амбициозно ја почнала 2025 година. Во прилог текстот објавен за нашата земја.

Северна Македонија амбициозно ја започна 2025 година. Во средината на јануари беа отворени два важни транспортни проекти. Најпрвин на 14 јануари официјално беше пуштен во употреба експресниот пат Градско-Дреново, а само неколку дена подоцна, на 17 јануари, свечено беше отворена реновираната железничка делница меѓу Куманово и Бељаковац.

Овие проекти, реализирани со поддршка на Европската Унија, Владата на Северна Македонија и меѓународните партнери како што е ЕБОР, ќе ја подобрат безбедноста на патиштата, ќе го поврзат регионот и ќе го стимулираат економскиот раст. Претставниците на Транспортната заедница кои присуствуваа на отворањето истакнаа колку овие проекти се важни за целата транспортна мрежа на Западен Балкан.

Новиот експресен пат меѓу Градско и Дреново ќе го промени начинот на кој луѓето и стоката се движат низ регионот. Времето на патување ќе биде пократко, а врските меѓу Северна Македонија и Грција ќе се зајакнат, отворајќи нови можности за трговијата и економијата. Локалните жители покрај патот ќе имаат корист од почист воздух, помала бучава и побезбедни премини бидејќи транзитниот сообраќај ќе биде пренасочен.

Отворање на делница од Коридорот VII

Вниманието изминативе денови беше насочено и кон железницата. Отворена е првата делница од Коридорот VIII, важен пат кој ќе ги поврзува Скопје и Софија, поврзувајќи ги Јадранското и Црното Море. Новата железничка делница меѓу Куманово и Бељаковце на патниците им овозможува побрзо и поудобно патување, а стопанството добива подобри можности за транспорт на стоки.

Овој дел е дел од Коридорот Западен Балкан-Источен Медитеран, еден од деветте делови на Трансевропската транспортна мрежа (TEN-T), која го поврзува Западен Балкан со Европската Унија. Овој коридор не само што ја олеснува трговијата и патувањето, туку му помага и на регионот подобро да се поврзе економски со ЕУ.

Коридорот Западен Балкан-Источен Медитеран ги поврзува земјите од Централна Европа со пристаништата на Јадранот и Источниот Медитеран преку Западен Балкан. Минува низ осум земји-членки на ЕУ: Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Бугарија, Грција, Кипар и Италија, како и низ целиот Западен Балкан“, пишува медиумот.

Еуправозато

Можеби ќе ве интересира

Зошто сите сакаат да работат во М-НАВ: Еве колкава била просечната плата лани

Зошто сите сакаат да работат во М-НАВ: Еве колкава била просечната плата лани

4iG на чекор да стане трет оператор: АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија

4iG на чекор да стане трет оператор: АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија

Цените на авионските билети ќе бидат одредени од вештачка интелигенција - Ќе бидат персонализирани и прилагодени на навиките на патниците

Цените на авионските билети ќе бидат одредени од вештачка интелигенција - Ќе бидат персонализирани и прилагодени на навиките на патниците

Во кои шест европски земји просечниот работен век е 40 години?

Во кои шест европски земји просечниот работен век е 40 години?

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

НА ДУШКО ЗАЕВ МУ ТРГНА БИЗНИСОТ СО СТРУЈА: Синот на експремиерот лани имал добивка од 954 илјади евра

За безвизно патување во ЕУ ќе плаќаме не 7, туку 20 евра?

За безвизно патување во ЕУ ќе плаќаме не 7, туку 20 евра?

Развиените земји ја намалија имиграцијата - зошто немаат економски раст како што очекуваа?

Развиените земји ја намалија имиграцијата - зошто немаат економски раст како што очекуваа?

Земја од БРИКС размислува наместо од Русија да добива нафта од друго место?

Земја од БРИКС размислува наместо од Русија да добива нафта од друго место?

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија

Двојно зголемена наплата од концесиите за руда во Македонија