Недвижен имот се купува во време на криза-погледнете каде!
Објавено во: Свет 10 Декември, 2012 18:12
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-5.2%)
Промена во последните 6 месеци: (-3.3%)
Промена во последните три месеци: (-1.9%)
Имотниот пазар скокна од 4.7% до 18% од БДП во периодот 2000-2010 година. Цените на становите се очекува да паднат за 10% до крајот на 2012 година.
9.Данска
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-5.4%)
Промена во последните 6 месеци: (+1.4%)
Промена во последните три месеци: (+1.0%)
Од Блумберг информираат дека пазарот има пад за околу 25% од врвот во 2007 година. Том Дорси од ММФ неодамна предупреди дека цените на куќите може да продолжат да паѓаат.
8.Унгарија
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-5.7%)
Промена во последните 6 месеци: (-2.9%)
Промена во последните три месеци: (+0.1%)
Според Блумберг, бројот на трансакции бележи пад од околу 270 000 во врвот во 2003 година на само 90 000 во 2011 година. Ако се пресмета инфлацијата, цените на куќите во земјата се паднати за 30% во периодот 2008-2011 година.
7.Кипар
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-5.9%)
Промена во последните 6 месеци: (-3.0%)
Промена во последните три месеци: (+2.0%)
Цените на имотот паѓаат за 12% од врвот во третото тримесечје од 2008 година па се до вториот квартал на 2011 година. Бројот на трансакции паѓа од над 21 000 во 2007 година до 7 018 во 2011 година.
6.Португалија
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-7.0%)
Промена во последните 6 месеци: (-2.4%)
Промена во последните три месеци: (-1.2%)
Цените на скапи имоти во популарниот регион Алгарве паѓаат за 20% од врвот во 2007 година. Поради силата на швајцарските франци купувачите сега би купиле имот во Португалија за 35% поевтино.
5.Холандија
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-7.9%)
Промена во последните 6 месеци: (-5.1%)
Промена во последните три месеци: (-4.7%)
Во Холандија живеат близу 17 милиони луѓе на територија едвај двапати поголема од Македонија, што секако ја ограничува понудата на имот. Од „Epoch Times“ информираат дека од таа причина банките применуваат многу слободен стандард при доделување на хипотекарни заеми.
4.Романија
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-8.9%)
Промена во последните 6 месеци: (+3.1%)
Промена во последните три месеци: (-0.6%)
Понудата на нов канцелариски простор во Букурешт бележи пад од 70% на годишно ниво. Уделот на празен канцелариски простор се зголемил до 16% во првите шест месеци од годинава.
3.Шпанија
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-9.3%)
Промена во последните 6 месеци: (-4.9%)
Промена во последните три месеци: (-2.4%)
Цените на имотот во земјата се паднати за 23% од првиот квартал на 2008 година. Околу 90% од непродадените имоти во Шпанија се по цена помеѓу 100 000 и 200 000 евра.
2.Ирска
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-9.6%)
Промена во последните 6 месеци: (-0.5%)
Промена во последните три месеци: (+1.5%)
Северна Ирска беше погодена особено тешко, а цените на имотот во некои области паѓаат со 19.5% во последната година. Цените на становите пак паднаа за 22,7% во последните 12 месеци.
1.Грција
Промена во цените на имотот на годишно ниво во третиот квартал: (-11.7%)
Промена во последните 6 месеци: (-6.4%)
Промена во последните три месеци: (-3.6%)
Според „Greek Reporter“ продажбата на нови домови има пад за 80% во последните пет години. Цените на новоизградените станови се намалила значително и има пад за 13,5% од јули до септември.
Можеби ќе ве интересира
Започна средбата на Зеленски со Виткоф и Кушнер, објави Киев
Москва не отстапува од територијалните барања: Кремљ песимист за мировните разговори во Берлин
ПУКАЊЕ ВО СИДНЕЈ: Масакр на плажа, убиени најмалку 12 лица
ЕУ ГО ЗАМРЗНА РУСКИОТ ИМОТ: Фон дер Лајен порача дека ако Русија и натаму војува, трошоците само ќе растат
(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО САД: Куќи се кренаа од темели, мостови се уништени
(ВИДЕО) Напад во Црното Море: Ракета „Искендер“ погоди турски патнички и товарен брод во Одеса
Стариот континент доминира на листата на најдобри – еден град отиде чекор понатаму
Трамп потврди дека САД ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела
(ВИДЕО) Зеленски шета низ Купјанск за кој Русија oбјави дека го окупирала




