Неговото кафуле работело во 22.30: Газда заврши во полиција
Објавено во: Македонија 06 Ноември, 2020
Сопственик на угостителски објект е приведен вчера вечерта во 22.35 часот. Објектот кој го поседувал работел и тогаш иако во моментов кафулињата и рестораните можат да работат само до 21 часот.
„Од слобода е лишен Е.И.(31) од селото Долно Палчиште, сопственик на угостителски објект во Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, казниво со Кривичниот законик. При контрола на угостителскиот објект во сопственост на Е.И., истиот е затекнат како работи и покрај Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за работното време на угостителските објекти, стои во полициското соопштение.