06 Декември, 2025
0.0796

Некогаш плажата на која фрлаа отпад, денес една од најубавите

Објавено во: Стил 04 Јули, 2014 20:52

Добивај вести на Viber

Жителите на местото Fort Bragg во Калифорнија на почетокот на 20-тиот век секојдневно фрлаа отпад од карпите на оваа плажа која се наоѓаше долу. Денеска оваа плажа (од ѓубре и отпад) e позната под името Стаклена плажа...

Пред повеќе децении околните жители на оваа плажа фрлале се почнувајќи од стакла, па до куќни апарати па дури и автомобили. Просторот на кој се фрлаше ѓубре тогаш било сопственост на  Union Lumber Company. Кога плажата ќе се наполнела со ѓубре или ќе биде целосно потрупана, до неа би се пристапило доколку се запали отпадот за да се ослободи простор.

Фрлањето на ѓубре на оваа плажа е забрането дури во 1967 година кога плажата е исчистена. Од тогаш неколку децении, морските бранови целосно ја исчистиле плажата, оставајќи зад себе мали парчиња стакла во сите бои, стакло кое и денеска ја прекрива оваа плажа. Така природата „плажата на ѓубрето“ ја претворила во преубава и необична стаклена плажа.

Плажата ја купил „California State Park“ во 2002 година, а после додатното чистење станала дел од  MacKerricher State Park. Сега „Стаклената плажа“ е хит меѓу странските туристи. Некои туристи доаѓаат на плажата во потрага по најубавото парче стакло за да го понесат дома како спомен, но тоа не е можно бидејќи е строго забрането земање стакла од плажата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: