01 Септември, 2024
0.0240

НЕКОГАШ ТВ ЛИЦЕ, ДЕНЕС ПРВА ДАМА: Која е Тама Вучиќ, сопругата на Александар Вучиќ?

Објавено во: Балкан 18 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Откако стана прва дама на Србија, Тамара Вучиќ привлекува големо внимание во јавноста. Таа е во брак со претседателот на Србија, Александар Вучиќ од 2013 година. Сепак, не се знае многу за нејзиниот живот пред да стане г-ѓа Вучиќ.

Тамара Вучиќ, роденото Ѓукановиќ, е родена во Лозница во 1981 година, каде завршила основно и средно училиште. Дошла во Белград да студира, а се запишала на англиски јазик на Филолошкиот факултет.

Но, дипломирала на Факултетот за политички науки. Зборува англиски и француски јазик. За да го надгради своето знаење завршила и Дипломатска академија на МНР. Од 2010 година работи во ова министерство како советник.

Тамара Вучиќ беше ТВ-лице

Она што многумина не го знаат е дека Тамара извесно време се занимавала и со новинарство, а Тамара порано била познато ТВ лице.

Таа денес како прва дама на Србија се посветува на хуманитарната работа. Таа е исклучително посветена на хуманитарните активности, со фокус на благосостојбата на децата и важноста на раниот развој. Тамара ја покрена иницијативата за формирање на Центар за ран детски развој и инклузија под името „Орнамент на светот“. Центарот ќе биде фокусиран на обезбедување на најквалитетна помош на семејствата во однос на рана дијагноза, интервенција и современи терапии.

Посветена на хуманитарна работа

Добитничка е на Плакета за мир на Хуманитарната организација „Наѓи Раул“ од Ниш. Од тогаш до денес многу се променија за првата дама на Србија, но таа исто како и нејзиниот изглед и стил остана верна на себе.

Жена која се образувала, посветено работела на кариерата, денес пред се е мајка на Вукан и сопруга на првиот човек на Србија, а со својата беспрекорна биографија може да биде пример за многу млади жени.

Од Њујорк, преку Киев до Пекинг, Тамара се сретна со Мишел Обама и Меланија Трамп, потоа првите дами на САД, Олена Зеленски, сопругата на претседателот на Украина и првата дама на Кина, Пенг Лијуан. Одржува добри односи и со членовите на благородништвото, па е добредојден гостин на настани организирани од семејството Караѓорѓевиќ.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕ Е БЛИЗОК СО ПУТИН: Тврди дека најмалку две и пол години не разговарал со него

ВУЧИЌ СЕ ПРАВДА ДЕКА НЕ Е БЛИЗОК СО ПУТИН: Тврди дека најмалку две и пол години не разговарал со него

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Бура ја зафати Атина

(ВИДЕО) ДЕЛОВИ ОД ГРЦИЈА ПОД ВОДА: Бура ја зафати Атина

ПО УПАДОТ НА ПРИШТИНА НА СЕВЕРОТ: Каков став зазема ЕУ?

ПО УПАДОТ НА ПРИШТИНА НА СЕВЕРОТ: Каков став зазема ЕУ?

МНР НА СРБИЈА: Mеѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово

МНР НА СРБИЈА: Mеѓународната заедница итно да го заштити српскиот народ на Косово

(ВИДЕО) ДРЖАВИТЕ ВО РЕГИОНОТ ГО НЕМААТ: Хрватска купува моќно американско оружје

(ВИДЕО) ДРЖАВИТЕ ВО РЕГИОНОТ ГО НЕМААТ: Хрватска купува моќно американско оружје

АКЦИЈА ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Затворени се пет паралелни српски општини

АКЦИЈА ВО СЕВЕРНО КОСОВО: Затворени се пет паралелни српски општини

МИЛАНОВИЌ ЗА СРБИЈА: Денес тие се двојно понеразвиени, а повеќе од двојно поголеми од Хрватска

МИЛАНОВИЌ ЗА СРБИЈА: Денес тие се двојно понеразвиени, а повеќе од двојно поголеми од Хрватска

Кој е господар на балканското небо? Оваа држава има повеќе од 200 воени борбени авиони - ловци!

Кој е господар на балканското небо? Оваа држава има повеќе од 200 воени борбени авиони - ловци!

МАКРОН СТИГНА ВО БЕЛГРАД: Србија ќе купи авиони Рафал од Франција

МАКРОН СТИГНА ВО БЕЛГРАД: Србија ќе купи авиони Рафал од Франција