25 Ноември, 2024
0.0575

НЕКОИ ОД НИВ ЛИДЕРОТ ЗАЕВ ЈАВНО ГИ ПОФАЛИ - општините вработуваат, огласи има речиси секој ден

Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Во очекување на локалните избори кои ќе се одржат наесен, општините постојано вработуваат нови кадри. Агенцијата за администрација речиси секој ден е полна со огласи за вработување во одделни општини, некаде по еден, а некаде и по неколку извршители.

Ппоследна огласот за вработување на локални службеници го објави општина Киела Вода, која денеска преку Агенцијата за администрација побара двајца нови службеници.

РЕФЕРЕНТИ, СОРАБОТНИЦИ, СОВЕТНИЦИ - ЕВЕ КОИ КАДРИ ИМ СЕ ПОТРЕБНИ

Се бара советник за вклопување на бесправно изградени објекти во Детално урбанистичкиот план, кој ќе зема плата од 26.254 денари, како и референт администратор во Урбана заедница Црниче, кој ќе биде платен 14.876 денари.

Поголем број службеници бара општина Валандово, таму ќе има дури шест нови вработувања. Платите на новите вработени ќе се движат меѓу 15 и 24 и пол илјади денари. Еве какви профили ќе вработува општина Валандово.

Виш соработник – систем администратор на ИТ мрежи, кој ќе зема 24.426 денари плата. Општината ќе прими и соработник за нормативно правни работи и управување со човечки ресурси, чии месечен надоместок ќе изнесува 23.634 денари. За истата оваа сума на плата ќе работи и соработникот за водење на постапки за јавни набавки. Плата од 22.047 денари ќе зема и помладиот соработник – геодет, додека, пак, најниската плата од 14.909 денари ќе зема референтот за координација на активностите на градоначалникот.

Пет нови вработувања, пак, ќе има општина Прилеп, а ќе бара самостоен референт за прибирање административни работи, прибирање и обработка на податоци, соработник за подготвување на годишна сметка и финансиски извештаи и планови, самостоен референт за уредување на просторот и заштита на животната средина, раководител на одделение за правни работи, како и советник за спроведување на постапка за издавање на одобренија за градење, чии плати ќе се движат меѓу 16 и 29 илјади денари.

Општина Студеничани пак распишала јавен повик за вработување на двајца нови извшители. Првото вработување што го бара оваа општина е помлад соработник за однос со јавност, чија плата ќе биде безмалку 21 илјади денари, како и помлад градежен инспектор, кој ќе биде ангажиран во одделението за инспекциски надзор и ќе зема исти месечечен надоместок како и неговиот колега со кого заедно ќе бидат примени.

И општина Зрновци ќе се поднови со нов кадар, бара виш референт архивара, за плата од нешто повеќе од 15.000 денари.

ПЛАТИТЕ НЕ СЕ ВИСОКИ - МЕЃУ 15 ДО МАКСИМУМ 29.000 ДЕНАРИ

Општина Дојран бара референт-комунален редар, кој ќе работи за 15 илјади денари.

Општината, пак, на градоначалникот Максим Димитриевски, Куманово, бара две нови вработувања. Првото е помлад соработник за линиски превоз кој ќе зема 20.705 денари, а второто е за референт за упатување на граѓани-странки, кој ќе зема плата од 14.934 денари.

Штип, општината со која раководи новиот градоначалник Сашко Николов, има распишано оглас за едно вработување, и тоа соработник за утврдување данок на правни лица и откривање на нови даночни обврзници, чија плата ќе изнесува 23.000 денари.

Општинта Чешиново-Облешево ќе има две нови вработувања, и тоа соработник за развој и поддршка на локален економски развој, чија плата ќе изнесува 22.500 денари, како и помлад инспектор за животна средина, со плата од нешто над 20.000 денари.

И конечно, општина Крива Паланка сака да отвори едно ново работно место, односно помлад соработник за подготовка и анализа на проекти од областа на јавните дејности и локалниот економски развој, чија плата ќе биде 20.706 денари.

Како што е познато, локалните избори во земјава ќе се одржат наесен, па голем број од општините можеби веќе и ги имале ангажирано овие лица со договори на дело, а сега сакаат да им обезбедат трајно вработување.

ЛИДЕРОТ НА СДСМ ОБЗНАНИ КОИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ЛИЧНО ЌЕ ГИ ПОДДРЖИ

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вчера обелодени дека социјалдемократите во мај и јуни ќе ги бираат кандидатите за градоначалници од нивната партија, а тој лично е задоволен од неколку градоначалници, на кои ќе им ја даде својата поддршка.

Забележливо беше што тој пофали неколку градоначалници на помали општини, додека поголемите, како што се Прилеп, Битола, Куманово, Охрид, Струмица... не беа споменати, туку им најави дека треба да засукаат ракови и да си ги исполнат своите работни задачи во служба на граѓаните.

„Сите што биле добри градоначалници и им служеле добро на граѓаните, и граѓаните ќе ги потврдат нивните резултати, имаат големи шанси повторно да бидат кандидати за градоначалници и обратно, тие од кои граѓаните не биле задоволни, нема да бидат кандидирани и ќе има нови кандидати. Така што, ние ќе излеземе со најдобрите кандидати. Јас како претседател на СДСМ лично ќе застанам зад неколку кандидати, што секако не мора да значи дека ќе биде конечна одлука, бидејќи ние имаме јасни статутарнии определби како тоа се прави. Но, сум исклучително задоволен од градоначалникот на Валандово, на Дојран, на Богданци, Демир Капија, Конче, Кочани, новиот градоначалник на Штип, Старо Нагоричани, Крушево, Маврово Ростуше и сигурно има и други општини. Ова го кажувам за да испратам порака да продолжат добро да работат, но и оние што не ги споменав, да си ги завршат своите работи и програмски ветувања. Постапките на селекција на кандидатите ќе почнат во СДСМ некаде во мај-јуни, и конечните одлуки ќе ги носат органите на партијата. И на крајот одлуката секако е на неговата светот, нашиот народ“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ