05 Декември, 2024
0.0364

„Некои земји од ЕУ ги преувеличуваат трошоците за климатската транзиција“: Европскиот суд на ревизори со сериозна забелешка

Објавено во: Свет 12 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Европската унија ги преувеличува трошоците за проекти за климатски промени, потенцијално вредни милијарди евра, изјавија денеска ревизори на ЕУ. Анализата на Европскиот суд на ревизори покажа дека земјите од ЕУ означиле бројни проекти како „зелени“, и покрај тоа што имаат слаба поврзаност со таа област, објави Ројтерс.

Во таа насока, ревизорите посочија примери на земји кои, меѓу другото, сметаат дека ИТ системите и платите се дел од трошењето според „зелената агенда“.

ЕУ вети дека ќе потроши најмалку 37 проценти од својот фонд за закрепнување од 700 милијарди евра, кој се состои од заеми и грантови, за мерки за климатски промени.

Според проценките на ревизорот, земјите од ЕУ го надминале тој план и до февруари вложиле 275 милијарди евра во инвестиции за остварување зелени цели или 42,5 отсто од досега издвоените средства.

На пример, Хрватска ги оцени ИТ системите за дигитализација на системот за водоснабдување како придонес за климатската транзиција, а Словачка ги рангираше платите на својот персонал, кој управува со фондот за ковид, како погодни за „зелена потрошувачка“.

Ревизорите констатирале дека португалската инвестиција во јавниот транспорт, означена како 100 отсто зелена, не ги вклучувала емисиите што ќе ги произведе реализацијата на проектот, што го отежнува оценувањето на „зелената агенда“, пренесува „Политика.рс“.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАСКОРО ВО УПОТРЕБА ВАКЦИНА ПРОТИВ СИДА: 100 отсто ефикасна во спречувањето на инфекции со ХИВ

НАСКОРО ВО УПОТРЕБА ВАКЦИНА ПРОТИВ СИДА: 100 отсто ефикасна во спречувањето на инфекции со ХИВ

ОПАСЕН УЛТИМАТУМ: Хамас најавува „неутрализација“ на заложниците

ОПАСЕН УЛТИМАТУМ: Хамас најавува „неутрализација“ на заложниците

ШОЛЦ ЗА УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ: Да најдат работа или да се вратат дома

ШОЛЦ ЗА УКРАИНСКИТЕ БЕГАЛЦИ: Да најдат работа или да се вратат дома

УБИЕН Е ДИРЕКТОРОТ НА НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ОСИГИРУТЕЛНА КОМПАНИЈА СРЕДЕ МЕНХЕТЕН: Бил застрелан директно во градите пред хотелот Хилтон во Њујорк

УБИЕН Е ДИРЕКТОРОТ НА НАЈГОЛЕМАТА ЗДРАВСТВЕНА ОСИГИРУТЕЛНА КОМПАНИЈА СРЕДЕ МЕНХЕТЕН: Бил застрелан директно во градите пред хотелот Хилтон во Њујорк

(ВИДЕО) ЈУЖНА КОРЕЈА: Политичарка му ја грабна пушката на војник пред Собранието

(ВИДЕО) ЈУЖНА КОРЕЈА: Политичарка му ја грабна пушката на војник пред Собранието

ЧЕТИРИ МОЖНИ СЦЕНАРИЈА ЗА ГРУЗИЈА: Што може да се случи до крајот на декември?

ЧЕТИРИ МОЖНИ СЦЕНАРИЈА ЗА ГРУЗИЈА: Што може да се случи до крајот на декември?

УКРАИНЦИТЕ ГАЃАА БАЗА ВО РУСИЈА: Tаму имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво

УКРАИНЦИТЕ ГАЃАА БАЗА ВО РУСИЈА: Tаму имало стратешки бомбардери и авиони за полнење гориво

ОД РУСКИ БРОД ПУКАЛЕ ВО ГЕРМАНСКИ ХЕЛИКОПТЕР! Хаос во Балтичкото Море, итно се огласи Бербок!

ОД РУСКИ БРОД ПУКАЛЕ ВО ГЕРМАНСКИ ХЕЛИКОПТЕР! Хаос во Балтичкото Море, итно се огласи Бербок!

ТРАМП БИРА МЕЃУ ТРИ ОПЦИИ - ќе се стави ли крај на војната во Украина! Протекоа детали, сите три имаат нешто заедничко!

ТРАМП БИРА МЕЃУ ТРИ ОПЦИИ - ќе се стави ли крај на војната во Украина! Протекоа детали, сите три имаат нешто заедничко!