14 Мај, 2024
0.0244

Неколку природни средства за лице и кожа со сјај

Објавено во: Стил 19 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Пребарајте ја вашата кујна и барајте ги потребните состојки за да го негувате вашиот тен со длабока тонирачка сесија. 6-те природни средства за лице за кожа што сјае, даваат брза доза на виталност на вашите клетки од кожата.Подмладете го вашиот тен со природни третмани. Користете ги следниве 6 природни домашни средства за лице за кожа што сјае за да го прифатите природниот режим за убавина. Поиграјте си со различните лековити и ревитализирачки билки, зеленчук и масла за да ги елиминирате мртвите клетки на кожата и другите штетни фактори од површината на Вашата кожа. Одржете ги вашите пори во топ форма со овие едноставни и евтини лековити состојки.

1. Сок од домати и банана

Вашиот тен нема здрав сјај? Подгответе го следниов третман за кожата за да се ревитализираат вашите клетки на кожата. Во сад измешајте 1 пире од банана со 1 лажиче сок од лимон и 1 лажиче на природен сок од домати. Нанесете ја фината паста на вашата кожа и оставете ја нанесена 10 минути. Вашите пори нека ги апсорбираат хранливите материи и накрај, исплакнете го лицето со млака вода.

2. Јаболко и мед

Изрендајте средно јаболко во чинија и додајте 2 лажици мед за да се создаде фина паста. Нанесете го природното средство за лице преку целото Ваше лице и оставете го 20 минути.Последниот чекор е да го исплакнете нанесеното со млака вода. Повторувајте го овој ритуал за убавина барем двапати неделно за мазна кожа и природен сјај .

3. Морков и квасец

Збогатете ја вашата кожа со длабок третман за кондиционирање за да ја контролирате дехидрацијата и акните. Елиминирајте ги мртвите клетки на кожата и нечистотијата од порите со оваа едноставна маска богата со витамини. Во сад измешајте 1 морков со средна големина, рендан со 2 лажички квасец и 2 лажици овошен јогурт.Откако добивте фина смеса, покријте го лицето со оваа смеса. Оставете ја смесата 15 минути, а потоа отсранете ја со млака вода.

4. Куркума и павлака

Комбинирајте ги овие две подмладителни состојки за да се исчисти вашата кожа од мртви клетки на кожата. Земете една мала чинија и мешајте 2 лажици рендана куркума со 1 лажица кисела павлака. Нанесете ја оваа мешавина на Вашето лице и оставете ја 15 минути. Дозволете вашата кожа да ужива во поттикот на виталност, а потоа исплакнете го лицето со млака вода. Од суштинско значење е да се задржи вашето лице чисто и отпушено за да се задржат проблемите со кожата подалеку од Вас.

5. Чоколадо

Овој пат жртвувајте мала количина на обично чоколадо за да создадете средство за лице што го зголемува природниот сјај на вашиот тен. Стопете мала количина од 70-80% обично чоколадо и измешајте со 1 лажица мед и малку шлаг за да се создаде вкусна паста. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја додека не се исуши целосно. Отстранете ја маската со млака вода и повторувајте ја редовно.

 6. Масло од лаванда и какао во прав

Хидрирајте и одржувајте ја вашата кожа, со цел да го врати својот природен и здрав сјај. Во мал сад се разматуваат 3 лажици какао во прав со 2 лажици мед и 3-4 капки од 100% чисто маслото од лаванда . Бидете сигурни дека сте подготвиле прилично солидна паста што можете лесно да ја нанесете на вашиот тен. Оставете ја маската 20 минути, а потоа исплакнете ја со млака вода.