Добивај вести на Viber
Неколку скопски населби, поради веќе закажани технички зафати во електро системот, утре ќе останат без струја, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Во период од девет до петнаесет часот и триесет минути без електрична енегрија ќе останат дел од улиците Гарсија Лорка и Виетнамска и селото Копаница, а во време од осум до дванаесет часот без струја ќе остане улицата Лука Геров со подулиците.