Добивај вести на Viber
Комисија за здравство одби да го дозволи пушењето во затворени простории на предлог на пратеникот од Либералната партија, Ивон Величковски. Величковски побара да се либерализира законот за заштита од пушењето, така што на угостителските објекти ќе им биде дозволено да се поделат на делови во кои ќе биде дозволено пушењето и на делови во кои ова нема да се толерира.
Според предлогот изнесен пред Комисијата здравство, се бараше ако просторот со кој располага е помал од 50 метри квадратни, сопственикот треба сам да одлучи дали во локалот ќе се пуши или не. Над 50 метри квадратни, во објектот да мора да има посебна просторија за пушачи. Тој напомена дека со Законот за пушење донесен 2010 година се намалил профитот на угостителите.
Ваквиот предлог го отфрлија пратениците од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека пушењето е штетно, а Комисијата треба да се грижи за здравјето на граѓаните.
Претходно стигнаа и најавите дека поради поскапување на акцизите, од 4 до 10 денари ќе поскапат цигарите во земјава кон крајот на месецот.