27 Април, 2024
0.0291

КОРОНАВИРУС: Нема место за паника, од утре термални камери за тие што ќе долетаат од Истанбул и Дубаи

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Нема простор за паника, тврди министерот за здравство Венко Филипче, по ширењето и смртните случи на коронавирусот.

Ние со Кина, вели Филипче, немаме директна комуникација и летови, така што луѓето кои би дошле во земјава се проверени на други аеродроми.

Инаку, корона вирусот е сличен со грипот, и во одреден број случаи има лесни симптоми, но во одредени случаеви симптомите се тешки и може да заврши и фатално, но тоа главо се луѓе постари, со намален имунитет и хронични заболувања.

Преку стоката што се увезува вирусот не може да се пренесе, тврдат епидемиолозие, туку само по респираторен пат.

Земјава веќе презема мерки на превенција. 

Од утре сите гражани кои на нашиот аеродром ќе долетаат од аеродромите во Истанбул или Дубаи и кои се потенцијални пациенти, ќе се скенираат со термална камера. Со тоа ќе има можност за рана изолација на вирусот. 

За пациенти кои доаѓаат од регионот на Кина и кај кои може да се јават симптоми утре ќе биде објавен телефон, за таму да им се јават и да им се каже каде потоа би биле упатени, со цел да не одат на матичен лекар, за така да се избегне ширење на вирусот. 

„Имаме алгоритам на делување и за лекување и за изолацја и за карантин, имаме искуства и за рана превенција“, тврди министерот Филипче. 

Надлежните објаснуваат дека на телефонскиот број треба да се јавуваат исклучиво лицата што ќе дојдат од Истанбул и Дубаи, а за нив уште на аеродром ќе има посебен надзор со термокамера. Екипи уште на аеродром ќе ги прегледуваат тие патници и ако имаат симптоми ќе се тргнат во изолација. Тие што немаат, слободно ќе си одат дома. 

„Епидемиолошката служба во државата е во целосна готовност, Инфективна клиника има капацитет, а министерот може да активира и дополнителни екипи“, вели доктор Жарко Караџовски, специјалист епидемиолог во Институтот за Јавно здравје.

Тврди дека нема потреба од било каква паника, на Балканот нема држава со заболени, а во соработка сме со сите соседни и други држави, каде се преземаат превентивни мерки.  

„Имаме добро искуство, правевме вежба за ебола, се покажавме спремни. Лани ги победивме брзо морбилите“, вели Караџовски. 

Официјален став на СЗО е дека вирусот се пренесува по респираторен пат.

Кај нас не се очекува да се развие во поголема форма.

„Постои стандардизиран протокол за надзор. Не може по тој протокол пациентите да се мешаат. Сега регулираме надзор кога ќе стигнат и ако имаат симптоми упатување на инфективна клиника со брза помош, без да одат кај матични лекари и во чекални да ја пренесат болеста“, објасни Филипче.

Земјава, рече Филипче, засега има реагенсите за 4 типа коронавирус , а неделава ги очекуваме сите реагенси за сите видови. 

За коронавирусот нема специфичен лек, не е осетлив на тамифлуто, а се лекува како другите респираторни заболувања.

„Засега нема вакцина, вакцината што се дава сега е за сезонски грип. За коронавирусот ќе има за една година“, рече Караџовски.  

Можеби ќе ве интересира

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ТИЕ ШТО МОЖАТ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ СИ ИЗВАДАТ МИНИ ОДМОР: Први мај паѓа во среда, а велигденските неработни денови почнуваат од петок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори