01 Мај, 2024
0.0260

Нема победа кога се изгубени човечки животи

Објавено во: Колумни 16 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Новинарската статија на неделникот Фокус дека Пи-ар агент од Франција ја советувал влaста да се предизвика контролирана војна во Македонија мислам дека ги фрапираше сите. Не знам дали е вистина, и не сакам да навлегувам во тоа. Но во последно време некако имам чувство дека пиарот е ставен во негативна конотација. Си велам што ќе си помислат луѓето дека работат Пи-ар професионалците, смислуваат војни, конфликти, профитираат над туѓата несреќа, дека се нелуѓе кои немаат емпатија. Дека профитираат на изгубени човечки животи. Искрено згрозен сум од помислата да бидам вмешан во некое вакво сценарио.

Да исценираш воена криза за да оствариш свои цели, или пак да уфрлиш силеџиски групи на мирен протест, тоа не е ПР тактика, тоа е криминал, нешто што е за осуда, за срамота! Независно кој и да го направил тоа, и каков и да е интересот. Такво нешто не би советувал вистински ПР професионалец, човек кој пред се треба да биде етичен. Неверојатно е да се поверува дека некој може да исценира таква криза, каде невини луѓе ги губат своите животи, само да се задржи одредена позиција и состојба на моќ. Не верувам дека  Французинот би се осудил да дели вакви совети во неговата земја или во било која друга западно европска земја.

Ваквите тенденции се очајни, и најчесто завршуваат многу лошо. Вистинскиот професионалец би дал поинакви совети. Тој треба долгорочно да предвидува ситуации и состојби, и некогаш “да го вразуми својот клиент” дури и да му се спротивстави, за да го заштити од најлошото сценарио.

ПР-от е добар само кога стратегијата се базира на факти, направени анализи и истражувања. Токму со таа цел политичките партии не ретко во минатото правеа истражувања на јавното мислење, и врз основа на тие заклучоци  имплементираа ПР тактики, и како и што ќе комуницираат. Во текот на кампањата се следи процесот, доколку е неопходно се прават измени, а на крај се мерат резултатите за да се види ефектот од спроведените активности. Поради лоши резултати од истражувања претпоставувајќи дека  податоците од истражувањата се приближно точни, политички лидери, директори на компании си поднесувале оставки, се менувале тимови и стратегии. Истражувања би требало да прават независни професионални агенции, кои цврсто стојат зад вистинитоста на резултатите, а етичното никогаш не го доведуваат во прашање.

Исто така добриот ПР секогаш базира на двонасочна комуникација, од која интерес имаат двете страни, онаа која пласира информации, и онаа која ги прима тие информации. Од таа комуникација двете страни чувствуваат дека нешто добиваат, т.н. win-win ситуација.

Добриот ПР е дискретен, ненаметлив, остава простор и за поинакво размислување, почитува разлики, не навредува, и никогаш не осудува.

 За жал, во Македонија ПР-от е толку многу агресивен, застранет, со недостаток на етика, непрофесионален, што најверојатно во иднина ќе биде школски пример за тоа каков не треба да биде. Се пласираат информации кои најчесто се лажни, навредувајќи ја интелигенцијата на консументите.

Кај нас се уште се води дебата за најосновните човекови права и слободи, за најбазичните потреби на луѓето кои живеат во 21 век (во демократско општество) без волја  да се разберат и прифатат различностите, поинаквото гледање, личното расудување, без капацитет да се гледа подолгорочно, перспективно, без желба да се „пушти новото време”.

А новото време во светот носи сосема нови трендови, во ПР-от особено. Тој е се повеќе персонализиран, тргнува од потребите на индивидуите кои се центарот на универзумот, базира на взаемно почитување, и секогаш на факти. Самокритичен е, и знае да се извини! А ако се води војна, таа е на социјалните медиуми, како тука да се биде креативен, различен, подобар од другите. Во време кога сѐ повеќе животот е под влијание на социјалните медиуми, кога дури и го делиме времето на ера пред социјалните медиуми, време на традиционалните медиуми и ера на социјалните медиуми, речиси нема личност на планетата која не ги користи Фејсбук, Линкедин, Твитер, Гугл, Инстаграм и многу други платформи за вмрежување. А компаниите, институциите, поединците, војната ја водат на  овие платформи, каде пласираат сериозни информации и влијаат врз одлуките на другите.

Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД