НЕМА ПОТРЕБА ОД ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: Пендаровски, Заев и Филипче децидни дека мерките се доволни
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2020
Претседателот
Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко
Филипче по состаното на Соивбетот за национална безбедност изјавија дека и
покрај огромниот број новозаразени со Ковид-19, нема потреба од прогласување вонредна состојба во земјава, бидејќи имаме функционална Влада која може да
носи закони.
-Сега имаме функционално Собрание и нема потреба од тоа. И денес да прогласиме вонредна состојба, нема да го уништиме ковид-19. Вонредната состојба и полицискиот час немаат врска едно со друго. Ако врши работа, еве уште денес да прогласиме вонредна состојба. Армијата може да биде логистичка поддршка секогаш кога треба и тоа е одлука што јас ја потпишувам. Ако треба и Армијата ќе ја ангажираме. За тоа не ни треба вонредна состојба, рече претседателот Пендаровски.
Според минситерот Филипче, целиот здравствен систем од самиот почеток на епидемијата е во вонредна состојба, а таа и реално беше воведувана во земјите, бидејќи пред девет месеци се сметѕаше, како што вели, дека строгите рестрикции ќе може да ја запрат епидемијата.
-Ваков став веќе не држи, мора да се живее со вирусот и рестрикцијата на движење нема да има ефект. Мерките се задолжително носење на маски и забрана за групирање, но да живееме нормално, изјави министерот Филипче.
Премиерот Заев пак смета дека вонредна состојба во земјата се воведува кога треба да все носат навистина брзи одлуки, со појаснување дека вонредна состојба воопшто не е исто што и полициски час и карантин.
А.Б.