Нема простор за eтнички лични карти во ЕУ, вели евроамбасадорот Гир
Објавено во: Македонија 19 Февруари, 2021
Нема простор за eтнички лични карти во ЕУ.
Евроамбасадорот Дејвид Гир денес на прес-конференција во Владата изјави дека регулативата на ЕУ забранува процесуирање на лични податоци за етнички, политички и други верувања во личните документи. Таквата практика, како што рече е дел од европска регулатива. Додаде дека е добро што Македонија работи на тоа да ги прилагоди своите стандарди со тие на Унијата затоа што кога ќе почнат преговорите, овие прашања се првите што ќе се дискутираат.
„Генералната регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци забранува процесуирање на лични податоци кои откриваат расно, политичко, етничко, религиско и друго уверување, како и сексуална ориентација и одреден број други прашања. Личните карти во ЕУ сѐ уште се под националните закони, но регулативата што ја споменав и која ги содржи првите правила за личните карти влегува во примена во август оваа година“, рече Гир.
Претходно премиерот Зоран Заев изјави дека за внесувањето на националноста во личните карти зборувал со грчкиот амбасадор во земјава, но немало предупредување од никого.
Oд БЕСА велат дека од внесувањето на етничката припадност во личните карти никој не губи.
За СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не е проблем овој податок да стои во личните карти. Законот предложен од БЕСА сега е „заглавен“ во Собранието, откако Левица поднесе над 1.200 аманмдани.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.