02 Мај, 2024
0.0482

Нема успех без добра ПР стратегија

Објавено во: Колумни 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Зад секој успешен политичар стои брилијантна ПР стратегија, мајсторски избрани ПР алатки и техники кои овозможуваат пораките да стигнат до што поголем број на луѓе, да извршат влијание, без оглед дали медиумите го сакаат тоа или не. А добрите ПР практики треба само да се копираат, делумно да се прилагодат на специфичните услови во секоја земја, и резултатите се гарантирани. Доколку направиме анализа на ПР стратегијата на нашата владејачка партија со онаа на Барак Обама за време на вторите американски избори па се до денес, можеме да забележиме многу сличности, иако амбиентот во кој се имплементираат е донекаде различен. И едните и другите секогаш одбираат “пријателски медиуми” за да испратат одредена порака до широкиот аудиториум. Се определуваат за контролирани интервјуа, со однапред договорени прашања и одговори, и на тој начин избегнувајќи незгодни прашања и можност дискусијата да отиде во несакан правец. Токму затоа Барак Обама оди многупати на интервју на Fox News (наклонет медиум, а ги избегнува The New York Times, Washington Post или Wall Streer Journal, каде сигурно би добил незгодни и непредвидливи прашања, на кои можеби и не би можел соодветно да одговори и со тоа би го нарушил својот имиџ, додека Претседателот на Владата на Р. Македонија не би можеле да го видиме како гостин на пример во вестите на ТВ Телма и 24 Вести, кои важат за избалансирани медиуми. Исто така обемно ја практикуваат и преферираат техниката “спречи ги негативните медиумски стории”. На тој начин спречуваат одредени информации, вести или настани да дојдат до што поголем број на луѓе, особено доколку проценат дека тие би влијаеле негативно на нивниот имиџ и репутација. А ако веста не стигне до оние до кои е наменета, исто како и да не постои!  На нашата владејачка структура полето за натпревар им е многу понаклонето, бидејќи ги контролираат главните медиуми и им е многу полесно да креираат содржина каква што сакаат. Во САД има медиумски консензус само во надворешната политика, каде се следат националните интереси, но во однос на внатрешните политики, некои од медиумите ја критикуваат власта, а некои се согласуваат со некои нејзини потези, но постои  и критицизам и независност. Сличности постојат и во агресивниот одговор на сите негативни приказни. Ова е едно старо правило користено од страна на политичарите  агресивно се “дисквалификува напаѓачот”. Кај нас  интересен е примерот со организирање на контра простести со цел да се збуни јавноста, и да се релативизираат оние што протестираат, со што како пример може да се најдеме и во учебниците за Односи со јавноста. Одговорните за медиумски релации во администрацијата на Обама исто така брзо реагираат на сториите во т.н. ненаклонети медиуми, минимизирајќи го негативниот ефект. Но до сега не се случило поддржувачи на Обама да ги бранат неговите политики преку протести. Слиќности постојат и во креирањето оригинални содржини. Белата куќа, повеќе од било кој друг, комуницира директно со јавноста преку оригинални содржини како видео, блогови од типот еден ден со претседателот на САД...Па Претседателот заедно со семејството кити новогодишна елка, игра кошарка или прави нешто друго, со цел обичните граѓани да се идентификуваат со него и на тој начин да привлече внимание.  Нашиот Премиер знае пак да вози велосипед, семејството да го однесе во Зоолошка градина, иако тоа го прави доста срамежливо. Сличности секако постојат и со некои други земји, што е резултат на фактот дека светските ПР практики  се достапни он-лајн благодарение на ПР аналитичарите, а што и како се користи зависи од различни фактори.  Американски  ПР експерти констатираат дека Обама не е совршен и дека има направено неколку погрешни прикажувања, но неговите грешки се всушност сосема мали во споредба со огромниот обем на комуникациите. Кабинетот на Обама троши  пет милиони американски долари годишно само за платите на вработените посветени на комуникација со голем акцент на интернет управувани комуникации (Фејсбук и Твитер), на малцински насочени комуникации, прес-конференции и телевизиски настапи. А колку нашите политичари инвестираат во ПР и кој за нив работи ретко кој знае бидејќи тие информации и не се јавно достапни. Сашо Дуљанов

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина