НЕМА ВЕЌЕ ПРЕДИЗБОРНИ АНКЕТИ: АВМУ: Ноќеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети
Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2025 11:10
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење во врска со Локалните избори 2025, може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на првиот круг од изборите, односно најдоцна до 24:00 часот на 13 октомври 2025 година.
Како што информираат од АВМУ, при објавување на резултатите од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес, медиумите се должни да наведат податоци за името на нарачателот кој го побарал и го платил испитувањето, институцијата што го извршила испитувањето, применетата методологија, големината и структурата на испитаниот примерок и периодот во кој е спроведено испитувањето.
Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посетуваат дека резултати од испитувања на јавното мислење спроведени на самиот ден на изборите не смеат да се објавуваат пред затворањето на избирачките места.
Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




