НЕМАЛО ХИДРАНТНА МРЕЖА, НИТУ ДОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНИ АПАРАТИ - Коцевски со детали од увидот во дискотеката

Објавено во: Македонија 16 Март, 2025 20:19
Беше извршен увид на лице место, кој трае се уште, но ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, а ќе бидат вклучени уште три до пет обвинители од ОЈО Скопје, бидејќи има многу докази кои треба да се соберат, соопшти јавниот обвинител Љупко Коцевски.
- Објектот немал хидрантска мрежа, ниту хидрант во употреба. Немал доволен број ПП апарати, однсоно само два. Немал две врати за евакуација, туку само една импровизирана врата, која била заклучена со катанец, и немало клуч од внатре. Дополнително вратата била затворена со изолационен материјал.
Немало пристап за ПП возила согласно правилникот за заштита од пожари. Внатрешноста немала противпожарна заштита.
Немало спуштен таван со противпожарна заштита, ниту противпожарни врати за заштита од пожари, ниту систем за кочење на вратите, ниту пак звучен систем за настанат пожар со јак звучен сигнал при несреќа.
Исто така објектот бил обложен со материјал за звучна изолација со материјали кои биле лесно запаливи.
Противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од три материјали, без дозвола, и без соодветно друштво за нивно користење - нагласи Коцевски.
Дополни дека бил присутен и државен инспектор за градежништво и урбанизам кој утврдил дека објектот во кој е склучена несреќата е за објект од областа на лесна индустрија, и се уште се води како објект за лесна индустрија, и не е извршена пренамена во угостителски објект, и покрај тоа, има дозвола за работа од министерство за економија уште пред 15 години.
- Поради сето ова се преземаат дејствија за утврдување и исполнување на законските елементи за делото тешки дела против општа сигурност од Кривичниот законик, како и за основано сомневање на повеќе други дела, поради што ќе биде орпеделена мерка притвор за повеќе дела.
Сослушан е еден од осмоничените, од кој е откриено дека нема писмен договор меѓу сопственикот на објектот и организаторите на настанот. Во случајот може да станува збор за кривично дело за давање и примање поткуп и за користење пиротехнички средства. Лицата користеле пирхотехнички средства спротивно на законот, и предизвикале опаснсот за животот и телото на луѓето од големи размери - посочи Коцевски и дополни дека увидот продолжува и утре, но истакна и дека одредени детали се уште не може да се откриваат.
Коцевски потврди дека поранешниот министер за економија е повикан на разговор во МВР, но не откриваше детали, бидејќи разговорот се уште трае.
Коцевски посочи дека се бара краткотраен притвор за 10 лица, бидејќи за нив е утврден поврзаност со делата за кои ги посочи, но дополни дека во следните денови можни се дополнителни обвиненија и овој притвор да биде продолжен.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски ги брани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ: Овие дејствија се преземани во минатото, не се преземани денес

Коцевски: Градоначалникот на Кочани дава изјава во Обвинителството

ВУЧИЌ ДО БОЛНИЧКИОТ КРЕВЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЦИЕНТ: „Секогаш за нашите браќа и сестри од Северна Македонија“

Крмов: Дали власта распореди полиција околу Собранието?
