26 Април, 2024
0.0268

НЕМАЛО ЛЕКАР ВО БРЗАТА ПОМОШ: Момче починало на улица

Објавено во: Балкан 13 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Во Запрешиќ во Хрватска се случи трагедија, при што 21 годишното момче М.Р. починало, а според изјавите на сведоците кои први пристигнале во помош, смртта можела да се спречи, но здравствениот систем затаил.

Ова се случило околу 19 часот на улицата Станко Враж во Запрешиќ, а еден од сведоците кој меѓу првите стигнал да помогне, на социјалните мрежи опиша што се случило.

Тој вели дека на момчето му се слошило на улица, по што заедно со уште две лица кои наишле, тргнале да му помагаат додека се гушел.

Му го држел јазикот под прстите да не би се задушил, а со прстите му го пипкал пулсот кој од минута во минута бил се послаб и послаб. Другите кои стигнале во помош викнале Брза помош два пати, а кога дошло возилото во него немало доктор.

Освен тоа, во возилото немало ниту дефибрилатор, па првата помош му ја давале техничар, сестра и случајна минувачка која била медицинска сестра. После некое време стигнало и друго возило на Брза помош. И тие тргнале со реанимација на момчето, но предоцна.

„Ова е проблем, а не паркинг места и глупости. Можеби ова ќе биде вашето дете, не дај Боже, а доктори нема да има, затоа што одлучија дека еден бил доста за цел Запрешиќ. Се тресам од бес додека ова го пишувам. Не се криви луѓето кои работат во Брза помош, туку луѓето кои велат дека не треба два доктора во Брза помош и ги тераат да го работат она за што не се школувани, а ниту платени“- напишал Дамир, еден од сведоците кој пристигнал да му помогне на М.Р. и ја опиша целата случка на социјалните мрежи.

Хрвоје Љаљак, кој исто така бил на местото на несреќата додал дека кога техничарот и медицинската сестра од Брзата помош стигнале и ја виделе состојбата во која момчето се наоѓа, во паника кажале „Па не ни кажавте дека се работи за ваква состојба“.

Од централата во Запрешиќ до местото на несреќата им требало околу 15 минути, иако се наоѓа на оддалеченост од 600 метри. Тој додал и дека дошле целосно неподготвени, без дефибрилатор, а од опрема имале само четири фластери и спреј Бивацин.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице