Добивај вести на Viber
По разговорот со Противпожарна Бригада Скопје и дежурниот противпожарен офицер информирани сме дека немало никаква интервенција во ГОБ 8ми Септември Скопје.
Димот што бил виден е од издувниот оџак кој е од котлите кои ја снабдуваат болницата со техничка пареа. Поради тоа веста која ја имате објавено е лага, и создава паника кај луѓето и пациентите, а и го руши нашето реноме и углед како водечка болница во нашиот град, стои во демантот од болницата.